Три години во Македонија се гради атмосфера во која што СДСМ, Зоран Заев, невладините организации кои што се впрегнати да работат во нивна полза, дел од медиумите кои што директно работат за нив градат атмосфера за да се случи нешто вакво, градат атмосфера дека ние сме монструми, ние некого сме убивале, дека Тодоров е министер за смрт сите смртни случаеви во здравството му ги препишуваа него како тој да е виновен за луѓето што заболуваат и умираат, вели Никола Груевски лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во вестите на телевизија Алфа.-Ако некој во здравството направи најмногу, набави нова опрема, ги прати лекарите да одат на обуки, изгради болници, реконструираше болници и воведуваше реформи тоа е токму оваа влада и Никола Тодоров, цели 11 години, ако така се гледа ние сите изминати министери или идни ние треба да ги нарекуваме масовни убијци. Затоа што нема министер за здравство кој ќе спречи луѓето да умираат. Беше една гнасна и гадна пропаганда и кон министерот и против сите членови на владата и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Груевски.
Тој потенцираше дека членовите на ВМРО-ДПМНЕ ги нарекувале како криминалци, монструми, убијци и кога толку години се гради една таква атмосфера со нереални, лажни и невистинити работи само да му послужи на СДСМ за да се гледаат членовите на ВМРО со омраза, тогаш природно е после толку силна кампања против ВМРО да се случи вакво нешто.
-Ние вчера имавме сторител на атентатот но има и потикнувачи, одоговорност мора да има за оние кои што го нарекуваа Тодоров убиец и министер за смрт, јас жалам за девојчето и јас сум родител знам како е да вашето дете да е болно, но да обвиниш некој за смрт на тоа дете, а притоа да не е така е огромна грешка, рече Груевски.
Тој рече и дека како претседател на Владата направил сопствена истрага каде што резултатите покажале дека девојчето починало од бронхоплеумонија, а не од болеста за која требаше да биде оперирано.
-Ако некој во здравството направи најмногу, набави нова опрема, ги прати лекарите да одат на обуки, изгради болници, реконструираше болници и вовед