Честитка по повод празникот Рош Хашана на еврејската заедница во Република Македонија, од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Никола Груевски.Почитувана г-ѓо Романо-Николиќ,
Вам и на припадниците на Еврејската заедница во Република Македонија ви го честитам големиот празник Рош Хашана. Рош Хашана е исклучително значаен празник во хебрејската традиција кој промовира силни морални и етички вредности. Празнувањето преку кое се потсетуваме на сите дела од изминатата година носи голема морална одговорност и не учи како да бидеме добри едни кон други и како да изградиме подобар заеднички соживот.
Универзалната хуманистичка порака која ја носи празникот, преку погледот во минатото да се извлечат поуки во сегашноста и да се прават добри дела во иднината, претставува порака достојна за почит и пример насекаде во светот. Еврејската заедница има значаен и силен белег врз културниот, економскиот и општествениот живот во нашата земја.
Убеден сум дека и во иднина ќе продолжиме да работиме заеднички за унапредување на сите општетствени сфери кои се значајни за сите граѓани на нашата земја. Верувам дека еврејската заедница, презентирајќи ги своите вредности, и понатаму ќе продолжи да придонесува кон унапредување на македонското општество, и ќе има значајна улога во понатамошно продлабочување на пријателството и соработката меѓу Македонија и Израел.
По повод големиот празник Ви посакувам претстојните празнични денови да ги прославите во семеен мир и благосостојба.Почитувана г-ѓо Романо-Николиќ,
Вам и на припадниците на Еврејската заедница во Република Македонија ви го честитам големиот празник Рош Ха