Добро е што вчера се дојде до договор меѓу политичките партии. Тоа пред се е добро за државата за што е можно побрзо да има избори и да се стави крај на политичката криза во Република Македонија предизвикана од опозицијата, оцени денеска во Прилеп лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.Тој рече дека се надева оти овојпат опозицијата нема да бара повторно алиби за нови одлагања или бојкотирања на изборите.
– Знаеме дека СДСМ има богата историја на одбегнување избори и на барање алиби за бојкотирање избори. Затоа е многу важно вчерашниот договор да се спроведе и да се имплементира за да немаме повторно обиди на опозицијата во фаза на имплементација да одбегне нешто или да пролонгира. Се надевам дека овојпат ќе изиграат чесно и дека навремено ќе се спроведе се што е договорено за да може оваа година да се одржат избори и да му се даде можност на народот да си го каже своето мислење, рече Груевски одговарајќи на новинарско прашање.
Сега е време народот, потенцира тој, да се изјасни чија политика и која гарнитура ја поддржува.
– Сега е време да се даде повторно можност на народот да каже која политика ја поддржува и кој начин на работење го поддржува, односно која политичка партија ја поддржува и која политичка гарнитура. Не слушнаа нас, не видоа нас, ги слушнаа нив, ги имаат добро видено и нив, така што време е да се даде можност народот да одбере по завршување на политичката криза како Македонија да се движи во наредните четири години, потенцира Груевски.Тој рече дека се надева оти овојпат опозицијата нема да бара повторно алиби за нови одлагања или бојкотирања на изборите.
– Знаеме де