Во ноември растот на индустриското производство беше 11,1% и претставува продолжување на стабилниот и континуиран раст што го имаме веќе подолг период. Иако краток период беше запрен поради политичката криза, оцени денеска премиерот Никола Груевски.Растот, како што посочи, е показател дека има исправни политики во делот на поддршка на економијата и реформи кои даваат резултати.
-Веќе долг период имаме висок раст на индустриското производство. Имаше само прекин од неколку месеци во екот на политичката криза, но по нејзиното завршување продолжуваат високите стапки на раст. Токму растот на индустриското производство ветува дека ќе има зголемување на вработеноста и отворање нови работни места во земјава, како и зголемување на извозот, изјави Груевски во одговор на новинарско прашање по потпишувањето договори за грантови од вториот повик на Фондот за иновации.
Нагласи дека тоа значи и дека економијата е на вистинскиот пат и оти треба да се продолжи и продлабочи зацртаниот и трасиран пат на развој и поддршка.
Посочи дека стапката на раст на индустриското производство е солидна и на годишно ниво и изнесува 4,4 проценти.
-Тоа е солиден раст кој влијае на севкупниот раст на БДП кој во првите три квартали од годинава е 3,4 проценти. Очекуваме заклучно со четвртиот квартал, чии резултати ќе ги имаме во март или април, да имаме раст на БДП од 3,5 или можеби малку повеќе од планираните 3,5 проценти. Тоа е висок раст и еден од првите седум-осум во Европа, а индустриското производство е еден од сегментите кој дава значителен придонес за овој раст, потенцира Груевски.Растот, како што посочи, е показател дека има исправни политики во делот на поддршка на економијата и реформи кои даваат резултати.
-Веќе д