Груевски: Видоа дека не можат да се мерат со работа со нас, па удрија на криминални избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Ваташа на средба со граѓаните од Кавадарци истакна дека деновиве сме сведоци на психолошка војна, додавајќи дека власта втерува страв во граѓаните.-Се обидуваат со втерување страв да ги добијат изборите. Заплашувања, притисоци, уцени, закани дека ќе бркаат луѓе од работа итн. А во исто време демонстрираат надменост и ароганција. Главната работа како Влада им е, не да привлечат инвеститори, да отворат нови работни места, како што ние тоа го направивме, туку како да направат штета. Главната алатка не им се да ги слушнат граѓаните и како да им помогнат, туку како да ги заплашат со полицијата. Еве слушам и тука во Ваташа затворале дуќани, локали, кафиќи само за да внесат страв, да внесат заплашување, а не знаат дека ваташани не се плашат од тоа. За жал, со ова што го видовме во првиот круг, станавме држава во која полиција наместо да апси криминалци, таа го штити криминалот, порача Груевски.

Рече дека СДСМ заборава дека колку повисоко лета, толку падот ќе им биде поболен. Според него, колку повеќе тие се закануваат, толку повеќе граѓаните стануваат непокорни. Груевски потенцира дека колку повеќе сакаат да внесат страв, толку повеќе граѓаните им порачуваат оти не им се плашат.
-Забораваат дека ние сме ВМРО, а во нас гори таа пркосна идеја која се спротивставила на многу поголеми и пострашни закани од овие неспособни луѓе. Видовте и во првиот круг и сега дека СДСМ немаат некои сериозни проекти, програми, затоа зборуваа за воздух, за ветер и магла. Видоа дека не можат да се мерат со работа со нас, па удрија на криминални избори. Во првиот круг видовме како СДСМ организира избори, со втерување страв, со притисоци, со уцени и со многу потплатувања,посочи Груевски.
Според него, во Македонија биле организирани африкански избори, а тоа нашата држава ја донела до рангот на Сомалија и Кенија.
-Пукнат череп на градоначалник, убиен носител на советничка листа, следени кандидати за градоначалници, слики на партиски активисти во натпревар кој има голем пиштол и кој повеќе пука. Што ли не се изнагледавме во овие дваесетина дена? Гледаме исто така дека на сето ова полицијата молчи, а молчи затоа што е соучесник во овие работи. Затоа што полицијатаја претворија во партиска полиција, за да им помогне во изборите, потенцира Груевски.
Истакна дека секој ден се дознава како СДСМ потплаќала гласови, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ реагира на тоа, но оти следниот ден СДСМ продолжува со истата практика. Груевски порача дека нема да успеат да ги скршат и оти народот гледа што се случува. Според него, еден ден ќе има одговорност за сето она што сега СДСМ го прави.
-Крајната цел на сето ова е да се сузбие секој слободомислечки Македонец кој се грижи за својата татковина, кој ја сака својата земја, кој го сака својот јазик и идентитет и преку разни механизми да се прикаже пред луѓето дека не е во мода да се сака својата држава. Туку е во мода, на пример, да се легализираат хомосексуални бракови, да се легализира марихуаната или да се максимилизира алкохолот. Ненормалното се прави нормално, нормалното го прават ненормално. Тоа е времето што ни го донесе СДСМ, посочи Груевски.
Вели дека делувањето на СДСМ е да се уплашат оние кои ја штителе Македонија, правеле документарни филмови за државата или учествувале во изградбата на спомениците. Нагласи дека сега криминалците се на слобода, а патриотите во затвор.
Според него, луѓето кои на 27 април влегоа во Собранието, влегоа од патриотски причини, но подлегнале на провокацијата, односно на нелегалното избирање на претседател на Собранието.
-Со помош на надворешни криминали од еден ноторен криминалец и национален предавник како Заев да се направи жртва. Да ни оди сега од град во град и да не му излегува од уста зборот „чесен“. Чесни политичари, чесен ќе бил тој како премиер, чесни биле политичарите кои доаѓале. Господ да чува и да брани. Дојде време Заев чесност да продава на македонскиот народ. Како да не го знаеме, како да не го гледавме што правеше во минатото, посочи Груевски.
Порача дека луѓето кои од патриотски причини влегоа во Собранието, но погрешиле треба да се ослободат, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори со сите свои сили за тие да бидат ослободени.
-Или правда за сите или ако нема правда, не може овие луѓе под прогон. Видовме како го ослободуваат Красниќи, видовме како го ослободуваат за еден куп кривични дела осудениот Бајруш. Гледаме како оној Рахиќ, кој ко бајаги е во куќен притвор напаѓа градоначалници. Гледаме како ќе ослободуваат над 1.000 затвореници со Закон за амнестија, од кои голем број се за тешки телесни повреди. Не гледам причина после сето ова што ви го говорам, овие луѓе да бидат прогонувани. Јас знам дека сите вие се чувствувате со тоа, посочи Груевски.
Потенцира дека додека се прават овие спектакли, економијата во Македонија оди надолу, додавајќи дека се бележи пад на индустриското производство, извозот, девизните резерви, инвестициите, работните места, просечната плата. Тој нагласи дека пензиите не се зголемуваат, а стандардот се намалува, а со тоа расте и сиромаштијата.
-Просечната плата која ни велеа дека ќе расте и дека ќе дотера до 500 евра, таа просечна плата веќе паѓа. Пензиите кои што претходно, скоро редовно растеа, освен во неколку години кога имавме светски кризи, не само што не растат како што ветуваа, се запре нивниот раст и се покажа нивната лага дека ќе пораснеле 2.800 или 2.600 денари, нагласи Груевски.
Тој ги праша присутните пензионери дали досега, откако СДСМ е на власт им се покачени пензиите. Појасни дека засега пензионерите добиле само законско усогласување, кое СДСМ не можел да ги одбегне. Според него, тоа е СДСМ – лаги и интриги.
-Стандардот на населението оди надолу, сиромаштијата расте. Погледнете, ниту веќе се зборува за платите на лекарите за кои ветуваа дека ќе им бидат по 1.500 евра, муабет нема веќе за тоа. Ниту пак дека ќе се зголемувале субвенциите за земјоделците. Само еден ладен туш дојде некаде во септември кога кажаа дека догодина кој ќеимал помал принос во земјоделието немало да му ги дадат субвенциите. Тоа е тоа, тоа е СДСМ. Сето она што го ветуваа, го заборавија, рече Груески.
Истакна дека СДСМ не заборавиле да склучат штетен договор со Бугарија. Според него, СДСМ не заборавиле да се откажат од македонското малцинство во Бугарија, македонскиот јазик и да кажат дека македонската историја до 1945 била бугарска, дека Илинденското востание не било македонско, туку било бугарско. Потенцира дека учебниците по историја ќе бидат менувани.
-Кога склучуваат такви договори треба да знаат дека ги склучуваат во име на народот, а народот не го прашале. И затоа рековме, ајде на референдум, да го прашаме народот дали се согласува за таков договор. Овој договор е само еден од пакетот, од она што го нарекуваа редефинирање на Македонија. Првото што веќе го најавија е промена на името и идентитетот, тоа им е број еден во програмата  заради што и оваа марионетска Влада е донесена на власт. Второто им е ова со штетниот договор со Бугарија. Третото е трајно да доселат мигранти, да им дадат државјанства и да ги населат трајно во Македонија. Немаме ништо против тие луѓе од Азија, од Африка кои си имаат свои маки, ама ние нашите маки тука не можеме да ги решиме, а камоли нивните. Ниту тие сакаат тука да живеат, ниту ние ќе можеме да се справиме со нивните проблеми, нагласи Груевски.
Вели дека четвртата работа е двојазничност со како што рече, неуставен закон, додавајќи дека тоа е процес кој веќе е почнат. Груевски напомена дека петтата работа е зголемување на даноците. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека шестата работа од редефинирањето на Македонија е легализација на хомосексуалните бракови и можност тие да усвојуваат деца.
Груевски им порача на функционерите од СДСМ дека по неколку години ќе треба да излезат на улица и да ги погледнат во очи граѓаните, но оти нема да можат да го прикријат својот товар и срам.
-Иако имате богати спонзори во овој момент со кои потплатувате гласачи, ги немате парите со кои можете да го купите достоинството на народот, достоинството на кавадарчани, достоинството на ваташани. Нема лезет од власт добиена со криминал. Нема аир од функции добиени лажејќи го сопствениот народ, рече Груевски.
Тој побара од неопределените кои не се согласуваат со она што се случува во Македонија да излезат и достоинствено да го дадат својот глас на вториот круг од локалните избори на 29 октомври.
-Секогаш ВМРО ќе биде со својот народ. Тие што владеат со криминал и корупција, со криминалци треба да знаат дека нема хунта која не била победена од народот. Дека нема помрачување кое порано или подоцна народот не го решил и не ја донел светлината. Лажеа дека се бореа против режим, а станаа најсилен режим што може да биде, потенцира Груевски.
Според него СДСМ лажеше дека нема слобода и демократија, а прво нешто што направија откако дојдоа на власт, ја укинаа демократијата, а секој ден ја одземаат слободата. Груевски посочи дека СДСМ велеа оти нема независност на медиумите, а првото нешто што го направија, ги уценуваа сопствениците на медиумите.
-Нема да можат да не скршат, нема да им дозволиме да не скршат. Нема да не поколебаат, ниту да не уплашат. Заеднички ќе се спротивставиме. Да не им дозволиме апсолутна власт, да не им дозволиме да бидат шерифи и монарси. Да не дозволиме да ги одземат бастионите на ВМРО, од нас зависи, порача Груевски.
-Се обидуваат со втерување страв да ги добијат изборите. Заплашувања, притисоци, уцени, закани дека ќе бркаат луѓе од работа итн. А во исто време д

Пронајдете не на следниве мрежи: