Груевски: Вложувањето во спортот останува приоритет во програмата на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска одговарајќи на новинарско прашање посочи дека спортските објекти се еден од приоритетите во програмата на ВМРО-ДПМНЕ.-Годинава ќе се завршат спортската сала во кампусот „Свети Кирил и Методиј“ во која ќе има место за публика од 2000 луѓе и таа во 2016 година ќе биде целосно завршена , ќе се заврши и спортската сала во населбата Ченто, истакна Груевски.
Тој најави дека ќе започнат да се грдат спортски сали во Охрид, во Бучим во Крушево и во ОУ „Кочо Рацин“ во Скопје, а ќе бидат завршени уште поголем број на училишни спортски сали.
Груевски посочи дека над 10 училишни сали ќе бидат завршени низ целата држава.
-Година ќе се градат и 22 мултифункционални игралишта, за мал фудбал, кошарка, ракомет и 18 тениски терени. Инвестициите во спортот и младите продолжуваат. Ќе има уште многу проекти и она што е ветено од ВМРО-ДПМНЕ секако ќе биде реализирано како и досега.

Видео: Македонија24-Годинава ќе се завршат спортската сала во кампусот „Свети Кирил и Методиј“ во која ќе има место за публика од 2000 луѓе и таа во 2016

Пронајдете не на следниве мрежи: