Премиерот Никола Груевски и вечерва излезе на пресконференција каде што посочи дека владеачката партија донесе одлука во интерес на државата.„Народот не е виновен што имаме ваква расштимана опозиција. Граѓаните ќе речат дека довербата ни ја дале нам, а не на СДСМ, па ние сме тие на кои им е доверена одлуката да ја штитат државата во вакви ситуации. ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука во интерес за државата, да потпише Извештај на Ад-хок комисијата, каков што сака СДСМ. Ако ним не им е важен интересот на Македонија, нам ни е важен. За нас и за граѓаните тие правни квалификации не се она со што се согласуваме. Ние сме партија која 7 години ја добива довербата, ќе подметнеме грб. Ако неможат да се радуваат на изборен резултат, нека се радуваат барем на Извештајот. Препораките треба да се во функција да не се повтори она што се случи. Но нашиот став никогаш нема да го промениме, тој дел во извештајот ќе биде за нас невалиден. ВМРО секогаш во преден план го имал интересот за Македонија, а така и ќе остане“, посочи премиерот.
Претседателот на владејачката партија им остави уште простор на опозиционерите за да се распишат предвремени парламентарни избори.
„Ако по оваа прес-конференција, до утре СДСМ се предомислат за предвремени избори, нека јават и нашите пратеници ќе пристигнат“, заклучи Груевски.
Премиерот денес посочи и дека СДСМ бега од избори како “ѓавол од темјан“.
На вчерашната пресконференција премиерот предложи, СДСМ да изгласа било каков Извештај од Комисијата, кој ќе биде партиски. Втората алтернатива беше да се потпишат два извештаи, по што ќе се оди на избори. Така, народот ќе одлучи.„Народот не е виновен што имаме ваква расштимана опозиција. Граѓаните ќе речат дека довербата ни ја дале нам, а не на СДСМ, па ние сме тие на