Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски им честиташе на сите граѓани за успешно спроведените избори. -Македонија повтoрно имаше фер, демократски и кредибилни избори. Честитки за сите граѓани кои гласаа на овие избори, посебно на оние кои го дадоа својот глас за ВМРО-ДПМНЕ, рече Груевски.Од 88,61 процент обработени гласови, 434.051 глас се за ВМРО ДПМНЕ, а 415.258 за СДСМ и со тоа ВМРО- ДПМНЕ е победник на овие избори во Македонија. Денес победи ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „За подобра Македонија, но денес победи и Република Макекедонија.
Ова е, рече тој, 10-та изборна победа на ВМРО-ДПМНЕ и 10. пат по ред мнозинството граѓани гласаа и со најголем број гласови го подржаа ВМРО-ДПМНЕ и нашата програма, визија, тим и начин на кој работиме.
-Ќе работиме да ја оправдаме оваа поддршка. Благодарноист до сите глаачи во општините каде победивме, но и до гласачите во општините во кои не победивме. Благодарност до членовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, до Унијата на млади сили и Унијата на жени, до ветераните на ВМРО-ДПМНЕ, до сите коалициони партнери и до сите активисти на партија и Коалицијата.
Груевски потенцираше дека е задоволен што ВМРО-ДПМНЕ победи и во ИЕ4 со 7.476 гласа.
-Следува процес на формирање на коалиции и формирање на Влада. Кризата мора да заврши и Македонија да оди напред- тоа е наша главна цел. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе бидат секогаш со народот и ќе работат во корист на државата и националните интереси. Тие секогаш може да сметаат да нашата поддршка, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.Од 88,61 процент обработени гласови, 434.051 глас се за ВМРО ДПМНЕ, а 415.258 за СДСМ и со тоа ВМРО- ДПМНЕ е победник на овие избори во Македонија.