Груевски: ВМРО-ДПМНЕ како партија ги исполни во целост своите обврски од договорот во Пржино

Нашата земја е предолго заглавена во политичката криза. Минатово лето четирите најголеми политички партии заедно со олеснувачите од меѓународната заедница склучија договор за да ја надминат кризата, рече премиерот Никола Груевски на денешното обраќање до јавноста.– Не можам да не истакнам колку е важно да се остават проблемите зад нас,  за да може народот и државата да продолжат напред, да се отворат нови работни места, да се градат училишта, инфраструктура, патишта, болници, субвенции, зголемување на плати, пензии, да продолжи силно растот на нашата економија. Сите партии потпишаа договор што треба да ја разреши и да ја заврши кризата. Ние направивме многу компромиси.  Дури бевме и критикувани дека и премногу сме биле компромисни и премногу сме попуштале. Ние тоа го правевме свесно и за доброто на државата, рече Груевски.
Премиерот посочи дека ВМРО-ДПМНЕ како партија ги исполни во целост своите обврски од договорот во Пржино. СДСМ доби двајца министри со ресор и три дополнителни заменици-министри, се одбра Специјален јавен обвинител со целосни услови за работа, беше одбран составот на ДИК каде опозицијата има доминација, секретар и претседател од своите редови. Изборниот законик е променет согласно барањата на опозицијата.
– Изборите треба да се закажат за 24-ти април. Сега е време да се исполни оваа обврска. За жал, неодамнешните изјави од страна на СДСМ фрлаат сенка врз овој дел од договорот. Ова е јасна замка за да се држи нашата земја во заложништво, да се држи во криза, конфликтност и да се оспори правото на народот да ги одбира луѓето кои мисли дека треба да ја предводат државата. Јас сум против ова кочење и против ваквото држење на државата во заложништво, рече премиерот.
Во оваа насока на исполнување на сите обврски од договорот, Груевски најави дека утре наутро ќе ја достави својата оставка до претседателот на Собранието на Република Македонија.– Не можам да не истакнам колку е важно да се остават проблемите зад нас,  за да може народот и државата да продолжат напред, да се отво

Пронајдете не на следниве мрежи: