Груевски: ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги брани националните и државните интереси

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе стои цврсто во било која ситуација на бедемот на одбраната на државните и националните интереси, истакна лидерот на партијата Никола Груевски.-СДСМ и ДУИ сакаат да направат дефакторизација на македонскиот народ. Она што сега се случува покажува дека СДСМ е цврсто влезена во намера да ја редефинира Македонија. Но морам да потенцирам дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе стои цврсто во било која ситуација на браникот  и одбраната  на државата и националните интереси, рече Груевски оценувајќи ја ситуацијата со преговорите за формирање нова влада.
Му укажуваме, потенцира тој, на секој којшто сака да се коцка со државните и националните интереси дека во оваа држава има и други кои мислат на тие интереси и коишто се подготвени да се борат за тие државни и национални интереси.
Она што може да видиме, рече Груевски, е обид на СДСМ и ДУИ да направат дефакторизација на Македонците, на македонскиот народ, но и на другите етнички заедници како Турците, Србите, Власите, Ромите и останатите.
– Таа дефакторизација нема да ја дозволиме. Она што исто така го гледаме е дека СДСМ се обидува на некој начин да се натпреварува самата со себе колку повеќе ќе им даде на албанските партии, и се поставува прашањето до кога така.  До кога со тоа давање, дали до моментот до кога нема да остане ништо во државата за давање  и ќе се загуби сето она што е стекнато со многу труд, со многу крв и многу напор, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарско прашање по презентацијата на извештајот за напредокот на Македонија на листата за економски слободи на фондацијата Херитиџ.
Вели дека она што сега се случува партијата го предвидела во текот на изборите и упатила предупредување.
– Гледаме дека ни се случува она што ние го предвидовме на изборите и го испративме како порака до граѓаните на сите митинзи, на сите телевизиски настапи и во сите ситуации кога кажувавме дека СДСМ подготвува редефинирање на државата, дека подготвува нешто што нема да му се допадне на македонскиот народ, но и на другите помали етнички заедници во Република Македонија, дека тоа треба да се спречи, дека тоа ќе следува. Можеби некој во тие моменти не го сфаќаа толку сериозно тоа што СДСМ го најави, некој го препозна, некој не, некој мислеше дека тоа е дел од нашата кампања, но времето покажа и еве сега времето на дело покажува кажува дека СДСМ е цврсто влезена со намера за редефинирање на Република Македонија, истакна Груевски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека тоа што сега од СДСМ тврдат дека Уставот нема да се менува е само заради фактот што, како што рече, знаат дека тој без ВМРО-ДПМНЕ не може да се менува.
– Инаку и Уставот ќе го променеа. Велат дека односно укажуваат дека се ќе биде согласно Уставот, а всушност она што се слуша, што го планираат е кршење на Уставот. И тука ќе останеме цврсто на бедемот на одбраната на државните и на националните интереси во било која форма и во било која ситуација, рече Груевски.
Додаде дека продолжуваат внимателно да ја следат ситуацијата и оти комуницираат со сите што е потребно.-СДСМ и ДУИ сакаат да направат дефакторизација на македонскиот народ. Она што сега се случува покажува дека СДСМ е цврсто влезена во намера да ја р

Пронајдете не на следниве мрежи: