Груевски: Во 2006-та од СДСМ наследивме буџет од само 3 милиони евра, Владата веднаш беше блокирана поради заостанати долгови

Обвинувањата од страна на СДСМ дека наводно ќе сме им оставеле празен буџет, имено вистината е сосема различна од тоа. На почетокот од оваа недела како што слушнавме и во јавноста во буџетот имаше средства во износ од 180 милиони евра и ова е сумата која што ја има на салдото на буџетот, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.-Од нив дел по одлуката на Уставен суд ќе одат за субвенции на земјоделците, а тоа се околу 50 милиони евра, така што оставаме огромни средства на новото мнозинство кое што деновиве ја преговара владата. За разлика од 2006 кога влеговме во владата имаше само 3 милиони евра и десетици подготвени извршувања на тужби добиени од други компании кои со месеци чекале кога ќе влезе новата влада тогаш да ги активираат. Само што влеговме во владата иако имаше 3 милиони евра, за десетина дена се активираа десетици и десетици извршни решенија на судски решенија што ги имала владата и владата беше блокирана, тоа е СДСМ, а ова денес е ВМРО-ДПМНЕ и тоа е разликата, потенцираше Груевски.
Тој исто така истакна дека него го загрижува тоа што СДСМ се уште не составиле влада и не влегле во владата, а веќе бараат изговори за нивното неработење кое што ќе следува и за нивната неспособност.
-Тие уште од сега почнуваат со лажни вести, а што ли ќе остане кога ќе влезат во владата и какви ли не лажни вести ќе слушаме секој ден за да имаат алиби за тоа што немаат никаква сериозна програма и план за тоа што ќе го работат. Да споменам и дека буџетскиот дефицит годинава е само околу еден процент што е еден од најниските буџетски дефицити во историјата на Македонија, рече Груевски.-Од нив дел по одлуката на Уставен суд ќе одат за субвенции на земјоделците, а тоа се околу 50 милиони евра, така што оставаме огромни средства на

Пронајдете не на следниве мрежи: