Американската компанија „Амфенол“ до крајот на годината ќе изгради фабрика во Македонија, во која ќе бидат вработени нови 550 лица.Гигантот „Амфенол“, во Кочани веќе има две 2 браунфилд инвестиции, а сега ќе отвори и трета, но овој пат гринфилд, односно ќе изгради нов капацитет кој исто така ќе биде лоциран во Кочани.
Ова вест ја објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на својот Фејсбук профил, а денеска, при промовирање на нови капитални дела од областа на книжевноста, ја потврди истата.
-До крајот на гоинава ќе ја изградат и ќе вработат 550 лица и заедно со досега вработените ќе имаат до крајот на оваа година вкупно 1.300, односно 1.300 лица кои во минатото беа невработени сега стануваат вработени. Ми претставува задоволство што ова е трета инвестиција на овој гигант, еден од оние кои се во првите 10 во светот и кој трет пат одлучува да инвестира во Македонија. Ова ќе придонесе и за понатамошното намалување на невработеноста, истакна Груевски.
Тој додаде дека невработеноста во Кочани е преполовена во однос на 2006 година.
-Во 2006 година беа регистрирани 11.200 невработени, а денес се регистрирани само 5.600, значи половина од невработеноста во Кочани е намалена, рече Груевски.Гигантот „Амфенол“, во Кочани веќе има две 2 браунфилд инвестиции, а сега ќе отвори и трета, но овој пат гринфилд, односно ќе изгради н