Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и партиската делегација во чиј состав се членот на Извршниот комитет Никола Тодоров и пратениците Влатко Ѓорчев и Александар Николоски денеска, на третиот ден од посетата на Берлин, остварија билатерални средби со повеќе политичари и актуелни функционери од Сојузна Република Германија.Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски во текот на денот оствари средба со федералниот министер за земјоделство и храна во сојузната влада на Меркел, Кристијан Шмит. Груевски и Шмит разговараа за можностите за соработка, зацврстување на односите и размена на искуства околу мерките и политиките од областа на земјоделието.
Груевски оствари средба и со државниот секретар од федералното министерство за финансии од Германија со кого разговараше за можностите за јакнење на економската соработка која бележи нагорен тренд во последните години. Над десетина компании од Германија се присутни во Република Македонија со потенцијал оваа бројка да расте и токму како резултат на овие работни места повеќе илјади граѓани обезбедуваат работа во повеќе градови во Македонија. За претседателот на ВМРО ДПМНЕ посетата на Берлин ќе помогне да се изградат поцврсти релации со најмоќната членка на Европската Унија.
– Изминативе денови имав средби со 15 политичари, дипломати, луѓе коишто имаат големо влијание во германскиот политички живот. Целта беше да се дадат што повеќе информации за состојбите во Македонија, за проблемите, начините на надминување и да се воспостават контакти и трајни пријателства што долгорочно ќе бидат од важност за Република Македонија. Се обидовме да направиме поцврсти релации со луѓе коишто долгорочно можат да бидат од помош за Република Македонија. И да ги разјасниме сите случувања во Македонија коишто се случуваат во минатите година и пол, но да проговориме и за очекувањата и за нашите планови за понатаму, во смисла на развој на земјата, во смисла на европските и евроатлантските интеграции, процесот на развој на економијата и така натаму, изјави Груевски.
Додаде дека покрај политичките средби, имале средби и со луѓе кои што се на високи позиции во бизнис секторот на кои разговарале за економските достигнувања и за добрите можности за правење бизнис и за инвестирање во Македонија.
– Се на се, беше одлична можност за разговор со многу луѓе и нивно запознавање со приликите во Македонија и за градење пријателства кои долгорочно ќе бидат од корист за Македонија, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
На средбата со вицеканцеларката на Баварија Илсе Ајгнер делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ доби благодарност од граѓаните на Баварија. Ајгнер порача дека и покрај тоа што не е членка на ЕУ, Македонија е почитуван партнер особено поради конструктивноста при надминување на бегалската криза минатата година.
– Ние сме навистина благодарни на македонските луѓе за безбедноста на границата и и посакуваме се најдобро на Македонија, изјави Ајгнер по средбата со Никола Груевски.
За билатералните односи меѓу двете земји, развојот на настаните во Македонија денеска Груевски разговараше и со Торнстен Фрај, од партијата ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел. Влијателниот германски пратеник смета дека Македонија заслужува поддршка на својот пат во ЕУ и НАТО.
– Членството на Македонија во ЕУ е долг процес, но мора да биде апсолутно јасно дека Македонија заслужува многу фер договор на својот пат кон Европската унија. Изминатите години ЕУ не беше секогаш фер кон Македонија. Ние можеме да видиме, да препознаеме неколку моменти во кои земјата оди напред, особено одлуката од минатата недела во декември да се одржат предвремени парламентарни избори. Мора да забележиме дека ВМРО-ДПМНЕ и поранешната влада во Македонија спроведе неколку точки од дебатата во Македонија. Многу ми е драго и сум оптимист што ќе биде можно да се вратиме на дијалог базиран на политичка култура во Македонија и тоа е многу важен момент да се дојде поблиску до Европската унија и влезот во неа, изјави Торнстен Фрај по средбата со Груевски.Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски во текот на денот оствари средба со федералниот министер за земјоделство и храна во сојузн