Претседателот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ја заврши дводневната работна посета на Брисел, каде денеска оствари голем број важни средби со високи претставници на Европската унија од кои најважни беа оние со еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан и со претседателот на Европската народна партија, Жозеф Дол.Според информацијата од средбата на Груевски и Хан, тие двајцата имале отворен разговор во кој според Груевски ги допреле сите теми што ја засегаат Република Македонија, јави дописникот на МИА од Брисел.
Груевски денеска се сретна и со европратениците Мекалистер, Рубиг, Неиблер, Вајгл, а попладнево и со првиот човек на најголемата политичка партија во Европарламентот, Жозеф Дол, како и со претседателот на третата политичка сила во Европа, Европските конзервативци и реформисти – Јан Захрадил.
– Со господинот Жозеф Дол, претседател на најголемата политичка партија во Европа и во ЕУ, каде што припаѓа и ВМРО-ДПМНЕ, имавме многу отворена, искрена комуникација и разговор. На средбата ги разгледавме сите поважни работи поврзани со Македонија во правец на реформите што треба да бидат направени во идниот период и на она што работиме и сме подготвени да работиме. Се разбира, разменивме информации што се поврзани и со тековните процеси во Македонија, со политичката криза и начините на нејзино надминување и пред се, тоа ставено во контекст на натамошен исчекор на Република Македонија кон преговори за полноправно членство во Европската унија, истакна Груевски во изјава за МИА по средбата со Дол.
На крајот од вториот работен ден од неговата посета на европската престолнина, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги сумираше впечатоците од неговата посета која според високото ниво на соговорниците покажа дека Европската унија и тоа како смета на Никола Груевски како на важен соговорник за македонската евро-атлантска иднина.
– Можам да кажам дека генерално и оваа средба, како и останатите што ги имав вчера и денеска во Брисел беа многу корисни. Најпрво, многу шпекулации и заблуди што ги слушавме во изминатиот период ги разбивме и дадовме контра-аргументи. Второ, пренесовме и многу интересни информации од Македонија, многу работи на кои се работи и се прават напори да се подобрат, многу реформи кои се направени и кои во моментов се прават. Се на се, многу корисно и интересно беше да се биде тука, да се сретнат толку многу соговорници, да се информираат и да се примат и нивните информации што ги имаат, а кои некогаш се точни, некогаш се делумно и неточни. Беше интересно да се дебатира со нив и да се даде максимум да се намалат штетите што опозицијата и ги направи во изминатиот период на Република Македонија, заврши Груевски.Според информацијата од средбата на Груевски и Хан, тие двајцата имале отворен разговор во кој според Груевски ги допреле сите теми што ја засегаат