Во недела следи уште една голема референдумска победа, победа за Република Македонија, сите ние поминавме еден тежок период и сценарио од страна на СДСМ, а сега веќе се е јасно и не може да се справи со народот кој знае да расудува, народ кој знае да каже „НЕ“ на сценариото на Заев. Сега веќе е јасно и сите знаеме дека тој си направил договор и го потценил својот народ само за да дојде на власт, но народот се освести, народот веќе знае да процени кое е сценариото на Заев. А тоа е дека тој сака да ја промени уставноста, јазикот и државата, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4 Никола Груевски вечерва од Делчево.-Тој ги лажеше два милиони граѓани дека има фантомски гласачи во Македонија, тој со тоа сценарио го потцени својот народ и народот ќе го казни на 11 декември. Овој народ е свесен за важноста на својата држава и не може некој како Зоран Заев да ја лаже целата држава. Сакам да порачам на сите кои ќе излезат на гласање да си го постават прашањето дали може народот да му верува на тој, дали може тој да ја води нивната држава, затоа секој кој планира да гласа за Заев само нека помисли дали може на тој човек да му се потпре и да му верува. Овој народ нема да излезе на изборите со гнев и омраза, тој ќе излезе со гордост и делчевци не можат да поддржат човек кој е трчи-лажи, човек кој се договара со секој за нивната држава. Секој кој сака да гласа за СДСМ нека се потсети како владееја тие во нивното време, каков беше животот во тоа време. Оние кои што се уште размислуваат дали да гласаат за нив нека се потсетат како било во нивното време, дали донесоа една инвестиција во државата, дали инвестираа во економијата, што се случуваше со фабриките, што се случуваше со вработените граѓани и мора да се потсетиме на тоа време за да знаеме какво било нивното време, истакна Груевски.
-Денеска никој не смее да му каже ништо на Заев, денеска јавно долгогодишните нивни членови кажуваат дека доколку не сте истомисленици како Заев немате право на влегување во партијата, тие се сè освен демократи, тој доколку ја добие власта би ги понел со себе сите свои навики, би барал рекет исто како што бара во својата Струмица. СДСМ сега се фокусирани на што повеќе лаги, а неколку од лагите најчесто ги повторуваат како за повратокот на ДДВ во износ од 500 евра, а тоа значи дека граѓаните треба да земаат плата од 2.000 до 2.500 евра за да им се враќа ДДВ во износ од 30.000 денари, а во Македонија таа плата е невозможна. Таков човек не може да дојде на власт и граѓаните нема да го дозволат тоа, затоа што знаат тоа што го прави со рекетот ќе го прави и секаде во Македонија, затоа што знаат дека тоа што го прави со тендерите во својата општина ќе го прави насекаде низ нашата држава. Исто така голема лага е и неговото ветување за зголемување на просечната плата на 30.000 денари, како и минималната плата на 16.000 денари. Тој може да лаже колку сака, но треба да најде луѓе кои ќе му веруваат, а такви има се помалку, бидејќи луѓето се потсетуваат дека тој е единствен човек кој не бара да му се поништи аболицијата и тоа е само заради тоа што прогласи дека е политичка жртва на прогон поради направениот криминал во неговата општина Струмица. Тој зборува дека ќе донел многу инвестиции и дека немало да си одат младите од нашата држава, а дури и би ги враќал нашите од странство, рече Груевски.
Тој исто така потенцираше и дека Заев бара ако не победел на избори да продолжи кризата и дека доколку не се осовјат 63 пратеника ДУИ и ДПА ќе сакаат да го предложат следниот премиер на Владата на Македонија. Гаранција за мирна држава се само 63-те пратеници кои ги бараме ние, вели тој.-Тој ги лажеше два милиони граѓани дека има фантомски гласачи во Македонија, тој со тоа сценарио го потцени својот народ и народот ќе го казни на 1