Ги обмисливме проектите Купи куќа за млади- тоа е првиот проект за млади до 35 години кои го немаат решено своето прашање за домување.Вториот проект е Купи куќа за над 36 години, да може да земат кредит и државата да им го субвенционира во период од 10 години и тоа 65 проценти да им го субвенционира во првите 7 години и 35 проценти во наредните 3 години, или пак пари за учество, директен финансиски гранд неповратен до 12.500 евра зависно од големината на кредитот.
Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и носител на кандидатската листа во четвртата изборна единица, при вчерашната посета на Демир Капија.
Најави и крупна инвестиција во земјоделството- Изградба на агроберза во реонот на Демир Капија и Неготино, инвестиција од околу 20 милиони евра која треба да ја подобри трговијата со земјоделски производи и да ги намали неправилностите и малверзациите кои им се прават на производителите со намалување на откупните цени. Тука ќе можат да се донесат земјоделски производи од цела Македонија, а откупувачите оттука да изберат и да кажат коплку од кој производ купуваат. Предвидено е да може и откупувачи кои не се присутни на берзата компјутерски да ја направат купопродажбата.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ пред жителите на Демир Капија најави и завршување на автопатот Демир Капија – Смоквица до Нова година и официјално пуштање во употреба до мај наредната година, реконструкција на патот Неготино – Демир Капија и повеќе други регионални и локални патишта.
Груевски при вчерашната посета на Демир Капија и Росоман имаше и емотивен разговор со една 87- годишна жителка, на која и порача да биде спокојна и дека нема да дозволат да прават со државата што сакаат.
Тој од Росоман информираше дека граѓаните ќе имаат можност да ги искористат и поволностите од проектот „Од град во село за нов почеток“ при што ќе добиваат субвенции од 6.000 евра за изградба или реконструкција на куќа, 15.000 денари месечно во првите 18 месеци.
На средбата со граѓаните во Росоман, Груевски најави довршување на изградбата на експресниот пат Градско- Росоман- Прилеп, инвестиција вредна 80 милиони евра, реконструкција на регионалниот пат Росоман- Кавадарци во висина од 600 илјади евра, реконструкција на повеќе локални патишта, изградба на детска градинка, реконструкција на училиште, изградба на игралиште за баскет и други проекти кои ќе го подобруваат животот на граѓаните.Вториот проект е Купи куќа за над 36 години, да може да земат кредит и државата да им го субвенционира во период од 10 години и тоа 65 проценти да