Во моментот се градат три автопати, едниот е веќе речиси готов, а тоа е Демир Капија-Смоквица, во полн ек и во длабока фаза е Скопје-Штип и Кичево-Охрид, а дополнително се врши реконструкција на три автопати и тоа Куманово-Скопје, Неготино-Гевгелија како и реконструкција на автопатот Гевгелија-Смоквица и се заедно во вредност од 850 милиони евра, изјави Никола Груевски претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.-Тука не сметаме на регионалните патишна, на локалните туку само автопатите и овие автопати се во должина од 132 километра и плус 40 останати километри се реконструираат, а тоа значи целосно вадење на асфалт и ставање на нов и сигнализација, а вкупната нивна вредност е од 850 милиони евра. Тоа е реално работење, тоа не е замајување како што го зборува Заев дека за 500 милиони евра ќе граделе 500 километри автопат, вака се работи реално, а не да се лажат граѓаните дека ќе изграделе 500 километри автопат, а дали 50 километри ќе изградат е прашањето, вели Груевски.
Тој покрај автопатите ги потенцираше и големите инвестиции во експрессните, локалните и регионалните патишта.
-Покрај овие реконструкции кои се во тек, започнуваат нови, како оваа денеска Скопје-Куманово, потоа започнува реконструкцијата Велес-Градско, како реконструкција на еден дел од автопатот Скопје-Тетово, тоа значи дека три нови реконструкции започнуваат во наредната недела, потенцираше Груевски.
-Тука не сметаме на регионалните патишна, на локалните туку само автопатите и овие автопати се во должина од 132 километра и плус 40 останати килом