Во недела ВМРО-ДПМНЕ ќе ја прокнижи својата 10-та по ред победа на овие избори, а една од главните преокупации ќе биде да отвориме нови работни места.Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа на коалицијата „За подобра Македонија“ во ИЕ 4 Никола Груевски при денешната средба со граѓани во Криволак и Долни Дисан, Неготинско.
– Во Македонија во 2006 година беа вработени 560.000 луѓе. Според најновиот податок од Државната статика од утрово, во Македонија се вработени 728.000 луѓе, што значи за 168.000 луѓе повеќе, односно 168.000 нови работни места. Утрово Државниот завод за статистика излезе со нов податок квартален и тој покажува дека во последните три месеци имаме ново намалување на невработеноста од 0,6 отсто или севкупно од 2006 кога беше 38,7 сега најновиот податок е 23,4, изјави Груевски, додавајќи дека тоа е огромен пад на невработеноста и тоа се должи на многу работа, на многу труд, на многу работи поврзани со подобрување на бизнис климата во земјата, намалување на трошоците за правење бизнис, меѓу кои се и даноците и многу работи поврзани со убедување да се привлечат инвеститори во Македонија и помош и охрабрување на домашните инвеститори и тие да ги прошират своите капацитети.
Според Груевски, тоа е една од нивните главни преокупации и оти тоа ќе остане и понатаму затоа што, како што рече, невработеноста и понатаму треба да се намалува, треба да се помогне и на оние луѓе кои се се уште невработени.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ оцени дека тоа е извонреден резултат имајќи предвид дека во првите две-три години од нивниот мандат имаше светска глобална криза, потоа европската должничка криза, се намалија нарачките, извозот и странските инвестиции, а се вклучува и политичката криза наметната од СДСМ.
– Никогаш пред нас не се случило да имаме намалување на невработеноста. Првпат намалување на невработеноста почна со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ во 2006 година и така и ќе продолжи. Континуирано од моментот откако влеговме во Владата до денес секој квартал се намалува невработеноста. Заводот за статистика квартално ги објавува податоците, секои три месеци од моментот откога влеговме во Владата невработеноста опаѓа затоа што работиме да создадеме можности за отворање нови работни места, така и ќе продолжиме во иднина, истакна Груевски.
Тој додаде дека ќе продолжат да се грижат за невработените, да им се даде шанса да се вработат, а со тоа и вработените да добијат шанса за повисоки плати затоа што, како што рече, колку повеќе се намалува невработеноста, односно колку има помалку невработени толку шансите за зголемување на платите кај вработените растат. – Така, појасни, порасна и просечната плата во Македонија од 11.500 на 22.800 денари речиси 23.000 денари така што работите се сврзани. Кога работите одат со носење и отворање на нови инвестиции, нови работни места полека тргнува се, тргнува извозот кој во наше време беше 1,7 милијарди, сега е 4 милијарди тргнуваат и други работи и така ќе продолжи. Имаме добар тим, искусен, увежбан, потенцира Груевски.
Тој потенцира дека успесите се должат на многу работи. – Нашите успеси се должат на многу дела, на многу направени работи и на многу ветени и остварени работи. Низ годините покажавме како може да се дојде на власт со ветувања и тие ветувања да се реализираат, а не да се бега после од народот и да се бараат разни изговори. Тоа се случува затоа што најпрвин многу внимателно даваме ветувања, многу внимателно избираме што можеме да ветиме, односно што е тоа што сме сигурни дека можеме да го реализираме па потоа дури го ветуваме. Тоа е нашиот стил и второто обележје на нашиот стил е да дадеме се што е во наша моќ да исполниме и повеќе од ветеното, да изненадиме позитивно со добри работи, со позитивни работи, рече Груевски на средби со граѓаните во Криволак.Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа на коалицијата „За подобра Македонија“ во ИЕ 4 Никола Груевски пр