Груевски во посета на пумпната станица во Таор

3.200 литри во секунда вода испумпуваат пумпите на водостопанство од станицата која се наоѓа со скопско Таор. Во овие канали, каде се наоѓа пумпната станица се слева целата вода од скопската котлина, вклучително и од населбите кои беа најмногу погодени од силното невреме.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес беше во ова село каде е лоцирана пумпната станица од каде водите се исфрлуваат во Вардар. Работат шест пумпи, 3 мали и исто толку големи.
Директорот во ЈП „Водни стопанства“ Ромео Тренов информираше дека благодарение на пумпите тука се исчистени каналите со што се спречила поголема катастрофа по силното невреме. Според Тренов од неделата, ден по невремето, до сега испумпани се 2 милиони 300.000 метри кубни вода. Тој нагласи дека толкава количина на вода не е забележана од 1925 година.
Груевски се интересираше за тоа дали досега дошло до застој и дали се внимава на одржување на пумпната станица, по што му беше одговорено дека се работи во три смени. Тој додаде дека неопходно е одржување на каналите.
Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски кој присуствуваше на настанот посочи дека се уште има градежна механизација на терен во деловите кои беа зафатени од поплавата, како и дека активно се работи на расчистување на поплавените подрачја.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес беше во ова село каде е лоцирана пумпната стани

Пронајдете не на следниве мрежи: