ВМРО-ДПМНЕ беше на власт речиси 11 години. Направи многу реформи и крупен исчекор напред во секоја сфера. Се решија многу проблеми, се работеше многу и се добија и многу позитивни резултати, за многумина над очекувањата. Македонија немала власт со поголем учинок и напредок од оваа во овој период, истакна на собраниската седница претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.-Сепак, во последните неколку години очигледно бевме предмет на операција на надворешни центри со цел промена на власта. И покрај тоа, на последните избори, народот гласајќи ни даде најголема доверба. Но, со понатамошни напори, и покрај јасната победа, и покрај долгогодишниот воспоставен принцип на коалицирање на победник со победник, помеѓу партијата со најголем број освоени гласови во земјата, и партијата со најголем број гласови од албанската заедница во Македонија, со прекршување на овој принцип, кој беше јавно баран токму од оние кои го прекршија, како и со понатамошни чекори спротивни на деловникот, законот и уставот при изборот на претседател на Собранието, и особено спротивни на вољата на мнозинството народ, со примена на аргументот на силата и моќта, се издејствува ново мнозинство, а наскоро и нова влада. Непринципиелно, на сила и недемократски. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија направија се што е во наша моќ до моментот до кој не беше јасно дека одејќи понатаму Македонија и граѓаните во неа ќе имаат многу поголема штета отколку корист. Личните и партиските интереси, повторно ги ставивме под државните интереси, посочи Груевски.
Според него, главна причина за надворешната операција била токму нивната политика во однос на името.
-Главната причина за оваа надворешна операција беше нашата политика во однос на барање на фер решение за проблемот со името, кое не го добивме, и како резултат на тоа се уште не ја добивме заслужената покана за членство во НАТО и преговорите за влез во ЕУ, кои беа и ќе останат стратешка цел на ВМРО-ДПМНЕ. Сепак, покрај оваа стратешка цел, стратешка цел е и фер решение, а не наметнато решение кое ќе не обезличи како народ, како нација и како држава. Од новото мнозинство се очекува поинаков пристап по ова прашање. Времето ќе покаже кој бил во право, додава Груевски.
-Сепак, во последните неколку години очигледно бевме предмет на операција на надворешни центри со цел промена на власта. И покрај тоа, на последнит