Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, во рамките на својата посета на САД, во Вашингтон оствари повеќе средби со конгресмени, сенатори и луѓе од јавниот и политичкиот живот на Соединетите Американски Држави.Груевски заедно со партиската делегација во чиј состав се пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и Владимир Ѓорчев во Американскиот конгрес остварија средба со конгресменот Кристофер Смит, информираат од партијата.
На средбата било разговарано за актуелната политичка состојба, за состојбата со мигрантите како и стратешката определба на државата за членство во НАТО.
Груевски ги образложил приоритетите на Република Македонија во насока на нејзино целосно интегрирање во НАТО алијансата. Станало збор и за престојните избори како единствен излез од наметната политичка криза.
Конгресменот Кристофер Смит изразил силна поддршка на Република Македонија и на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во справувањето со предизвиците и реализација на стратешките интереси за интегрирање во НАТО.
-Цврсто сум уверен дека Македонија треба да стане членка на НАТО веднаш. Со сигурност ги исполни критериумите, со извонредно лидерство на Груевски. Имав многу добар состанок разговарајќи за овие прашања, и мислам дека државата ќе биде додадена вредност во алијансата, лојален партнер и пријател. Државата треба да стане членка што поскоро и следниот претседател на САД ова прашање треба да го стави во приоритетите, изјавил конгресменот Смит.
Тој осврнувајќи се на работата на Груевски истакна: “Што се однесува до дејствувањето на Груевски импресиониран сум од неговото лидерство, тој е човек кој сака да и донесе на државата подобра иднина, при што има зад себе има и добри резултати, и е посветен кон градење на демократско општество. Во однос на изборите што престојат во Македонија се надевам дека она што го сакаат граѓаните ќе биде и резултат од изборите.“
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ остварил средба и со доскорешниот заменик државен секретар и поранешен потсекретар за политички прашања во американскиот Стејт Департмент Венди Шерман, како и со Елен Ташер која беше потсекретар на Хилари Клинтон и долгогодишен конгресмен на државата Калифорнија. На средбите се разговараше за исполнување на стратешките определби на Република Македонија, можностите за дополнително интензивирање и јакнење на пријателството меѓу двете држави, кое освен политичка компонента содржи и огромен економски потенцијал.
Претседателот Никола Груевски заедно со партиската делегација на ВМРО-ДПМНЕ присуствуваше на вечера со повеќе конгресмени, сенатори, луѓе кои имаат влијание врз јавното мислење и личности од политичкиот живот на САД. На вечерата присуствуваа Дејмон Вилсон, извршен потпретседател на Атланскиот совет која е единствена граѓанска организација на НАТО, Мајкл Верц потпретседател на центарот за американски прогрес, која е една од највлијателните организации во САД, Мајкл Михан, шеф на американското тело за набљудување на медиумите, Даниел Сервер и Мајкл Хелтшел професори од Џон Хопкинс Универзитетот, како и други луѓе од политичкиот живот на САД.
По вечерата, Груевски дал изјава за целта на посетата на САД и средбите кои ги остварил.
-Деновиве тука во Вашингтон имав повеќе средби со повеќе политичари, конгресмени, сенатори, но и креирачи на јавното мислење, пријатели на Македонија, луѓе кои што на некој начин се поврзани со Македонија и политиките на Македонија и се трудам да дадам што повеќе информации за состојбите во нашата држава, за предизвиците со кој што таа се соочува, за нашите аспирации за членство во НАТО. Мигрантската криза предизвикува чести прашања, како и политичката криза низ која што поминуваме, изборите кои што претстојат, истакна Груевски.
Тој навел дека контекстот во кој се среќава со овие луѓе е обезбедување на подобри позиции за Македонија, но и за зајакнување на реалациите помеѓу Македонија и Соединетите Американски Држави.
-Правиме се што е во наша моќ да пренесеме што повеќе информации да објасниме што повеќе работи кои не се доволно објаснети и секако да размениме информации и идеи за идните чекори, за идните предизвици и начините како тие предизвици да се надминат, пред се во Македонија и во насока на зајакнување на односите со САД, изјавил Груевски.Груевски заедно со партиската делегација во чиј состав се пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и Владимир Ѓорчев во Американскиот конгрес