Груевски во Страчинци, граѓаните благодарни за исполнувањето на ветеното

Жителите од селото Страчинци кое е едно од погодените од силното невреме кое го зафати Скопје и околината велат дека се задоволни од работата на надлежните и санацијата на штетите. Според нив со слога и координација сè се решава.Нив денес ги посети претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски придружуван од министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и градоначалникот Тони Трајковски.
-Тоа што го ветивте се исполни. Мислевме дека за 30 дена нема да можеме да влеземе во куќите, а се се расчисти за три дена, истакна претседателот на месната заедница Аднан Ајрула.
Воедно во селото, кај училиштето е покриена дупката која се закануваше да го сруши истото.
Дополнително комисија за проценка на штети и земјоделие е на терен во Страчинци каде врши увид.
Министерот Мисајловски информираше дека досега 1.200 проценки се извршени од над 40 тимови кои работат на терен, а активно ангажирани се и 300 градежни машини.
Нив денес ги посети претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски придружуван од министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и градоначалникот

Пронајдете не на следниве мрежи: