ВМРО-ДПМНЕ многу направи и ќе направи. Го донесе „Леар“ во Тетово, се отворија 2.500 нови работни места. Ќе се донесат и други компании и нови работни места ќе се отвораат.Реконструиравме над 40 километри регионални патни правци во оваа општина во вредност од 290 милиони денари меѓу кои и патот Тетово-Јажинце, Мала Речица-Боговиње, патот Тетово-Брвеница-Чегране-Гостивар. Во тетовско доделени се околу 400 милиони денари за субвении за земјоделието. Извршивме реконструкција и санација на повеќе основни и средни училишта меѓу кои „Гоце Делчев“, „Кирил и Методиј“, „Кирил Пејчиновиќ“, „Моша Пијаде“, „8 Септември“ и повеќе други. Се изградија повеќе спортски сали во целата општина, изградивме и опремивме фудбалско игралиште. Извршена е реконструкција на центарот за култура, изграден е компетно нов објект на дијагностичко-ургентниот центар во клиничката болница во вредност од над 5 милиони евра, пуштена во употреба е нова медицинска опрема. За Тетово обезбедени се три нови најсовремени медицински возила за подобро функционирање на итната помош, истакна Груевски кој додаде дека за Тетово се предвидуваат голем број проекти со новата програма.
Планирана е реконструкција на два регионални патни правци во вредност од 1 милион 400 илјади евра.
-Патот Сарај-Групчин-Тетово, патот Тетово-Попова Шапка. Дополнително ќе санираме четири свлечишта на регионалниот пат Тетово-Попова Шапка, вели Груевски.
Реконструиравме над 40 километри регионални патни правци во оваа општина во вредност од 290 милиони денари меѓу кои и патот Тетово-Јажинце, Мала Ре