Груевски: Времето ќе даде одговор на многу работи поврзани со кризата, народот ќе одлучи со кого ќе му биде подобро

На овие избори секој  одлучува за себе и за Република Македонија која оди напред, порача денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на Конференцијата на Унијата на жени на партијата.Тој вели дека  секој од нас треба да се праша самиот со која од партиите живее подобро, со кого се чувствува посигурно, кому повеќе верува…
-Со кого ќе ми биде на мене лично подобро, со ВМРО или со СДСМ? Кој ќе сработи повеќе, кој подобро ќе се справи со економските предизвици, кој ќе отвори повеќе нови работни места, ВМРО или СДСМ? Со кого ќе се чувствувам посигурно, кој ќе обезбеди поголема безбедност и лична и национална, ВМРО или СДСМ? Кој има подобар кадар, тим и програма ВМРО или СДСМ? Кој држи повеќе до зборот, до ветувањата, ВМРО или СДСМ? Кој има поголеми успеси во борбата против криминалот и корупцијата, ВМРО или СДСМ? Кој ќе обезбеди  повисоки плати, пензии, социјална помош, на кого повеќе му верувам за тоа, на ВМРО или СДСМ?  Кој ќе биде достоинствен пред уцени, и со кого нема да се срамиме кога еден ден ќе погледнеме назад, кој ќе ги штити државните интереси подобро ВМРО или СДСМ? Во суштина ова е едноставен избор и покрај сложените околности во кои се прави. Избор помеѓу две комплетно различни концепции и избор помеѓу двајца кои се кандидираат за Премиер, мене или Зоран Заев, истакна тој.
 
Груевски посочи дека на овие избори секој носи одлука по две основи.
-Ова е одлука за себе, за тоа кој може и знае на тебе и твоето семејство да ти овозможи подобар живот и пружи повеќе можности и реши повеќе проблеми. За тоа кој има подобра програма со конкретни мерки, која е реална и нуди решенија на твоите секојдневни проблеми и за која знаете дека со сигурност ќе ја реализира. Кој ќе работи попосветено и ќе отвори можности и ти да работиш? Со кого ти и твоите сте посигурни дека нема да ве остави на цедило и може да се потпрете на него? Кој е поработлив и ќе ја движи државата напред? И од поинаков агол, овие избори се и еден вид на друга одлука.  Одлука за Македонија! За Македонија која не потклекнува пред уцени и сценарија. Македонија која е силна и нема да дозволи да ја држат под постојана тензија, да ја редефинираат и променат на полошо и да си поигруваат со нејзе и со извесноста на нејзината иднина, со нејзиниот суверенитет и државност. Македонија која сака да оди напред верувајќи во сопствените капацитети и вредности. Време е Македонија да продолжи да оди напред. Доста беше криза. Доста ја влечеа државата надолу. Време е да се остави конфликтноста и поделеноста зад нас и да продолжиме напред со силно темпо. Ако верувате во Македонија Вашиот избор е јасен, порача Груевски.
 
 
Кога сме кај СЈО и кризата, неодамна од господинот Ахмети разбравме дека СЈО требало да работи до влезот на Македонија во НАТО, истакна Груевски.
-Сакам во оваа прилика да му се заблагодарам на господинот Ахмети, затоа што тој е првиот политичар кој јавно и без влакна на јазикот ја доведе работата на СЈО со влезот на Македонија во НАТО. Тоа што многумина го мислат и креираат тој го кажа. Односно со остварување на политичка агенда, а не агенда на владеење на правото. Кога ќе се земе предвид дека за членство во НАТО е потребно само решение  за името, тогаш неговата реченица е следнава, СЈО нека работи додека не го смени  името на државата, истакна Груевски.
Тој посочи дека благодарение на Ахмети се дознало која е целта за формирањето СЈО .
-Навистина, свесно или не, Ахмети прв јавно кажа која е целта за формирањето СЈО, И зошто некој бара продолжување на неговата работа. И кога сега ќе се потсетам на некои работи кои ги говорев во минатото кога опозицијата тврдеше дека тоа што го прават е автентична нивна агенда, сфаќам дека сум бил во право кога сметав дека времето ќе даде одговор на многу работи поврзани со кризата, рече Груевски.Тој вели дека  секој од нас треба да се праша самиот со која од партиите живее подобро, со кого се чувствува посигурно, кому повеќе верува&hel

Пронајдете не на следниве мрежи: