Груевски: За 2 дена кризата ќе заврши: Само одговорно, мудро и со ладни глави…

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4, Никола Груевски во денешниот говор им се заблагодари на сите активисти и симпатизери на нашата партија, на поддржувачите, и на сите граѓани што 20 дена посветено, мирно и одговорно учествуваа и беа дел од изборните настани, но и независно не набљудуваа нас и нашите конкуренти и носеа одлука за кого ќе гласаат. 
-Тактиката на СДСМ мислејќи којзнае што ќе добијат со тоа, да направи избори во декември аир им донесе само на аптеките, кои ни продаваа чаеви и витамини а на некои и антибиотици, затоа што премрзнувавме заедно со вас. Но докажавме дека ни -8 во Кочани, ни -5 во Виница, ни сув студ во Битола, Паланка или силниот ветер во Велес и други места не можеа да ја запрат громогласната порака која ечеше низ Македонија изминатиов период – Македонија силна и единствена, без двојазичност на цела територија и кантони, а со напредок проекти и конкретна и реална програма, рече Груевски.
Ветивме пресинг на терен и присуство секаде, мислам и дека во тоа успеавме. Изборните штабови тоа буквално го сфатиле и имав набиена агенда, рече Груевски, што на моменти од прилепско „летав“ накај Свети Николе, или од струмичко Муртино до скопско Ѓорче Петров.
-Но поминавме одлично и масовноста на нашите настани како и срдечноста  на луѓето кои ги сретнувавме беа доказ дека сме на вистинскиот пат. Народот масовно ни се приклучуваше и ни се приклучува и ни дава сила да истраеме и продолжиме напред во оваа нова победа која ја очекуваме сите. Имаме уште 2 дена и треба одговорно и мирно да ги поминеме и кризата ќе заврши. Изминативе денови има многу информации и дезинформации кои кружат помеѓу граѓаните, но посебно и во рамки на изборните кампуси. Треба само мудро и со ладни глави, порача Груевски.
  
-Тактиката на СДСМ мислејќи којзнае што ќе добијат со тоа, да направи избори во декември аир им донесе само на аптеките, кои ни прод

Пронајдете не на следниве мрежи: