Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски даде интервју за еден од најтиражните и највлијателните грчки весници „То Вима“ во кое одговара на повеќе актуелни прашања.Грчки новинар го праша лидерот на владејачката партија: Дали сте оптимист дека ќе победите?
-Оптимист е благ термин. Јас сум сигурен дека ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе ја добие довербата од граѓаните. Во моментов ја подготвуваме најобемната изборна програма досега. Ќе понуди проекти за сите граѓани. ВМРО-ДПМНЕ ужива огромна поддршка, која е можно да ја најавува и најголемата изборна победа досега. Народот масовно стои зад политиката која ја спроведува ВМРО-ДПМНЕ.. Македонија не е иста како пред десет години. Тогаш бевме на 106то место на листата на Транспаренси интернешнел. Сега сме на 66то во однос на индексот на перцепција на корупција. Станавме земја со најниски даноци. Јас сум убеден дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ја реформира земјата и после изборите Република Македонија со уште побрзо темпо ќе тргне напред, рече Груевски.
Дали би кажале дека со новата коалициска влада во Грција, решението за прашањето за името би било полесно? Дали сметате дека неодамнешните Мерки за градење на довербата се вистински потег?
Не би сакал да ги коментирам внатрешните политички односи во Грција. Наша одговорност е да изградиме подобри и поблиски односи со грчките власти. Наш став е дека прашањето за името е апсурден спор кој за жал ги блокира нашите напори за интегрирање во евроатлантските структури и длабоко задира во идентитетот на нашиот народ. Ние сме сериозно заинтересирани за надминување на сегашната состојба, но не по цена на загрозување на нашиот идентитет. Прашањето околу проблемот кој Република Грција го има со нашето име е дел од секоја наша програма. Граѓаните се изјаснуваат на оваа тема и ни даваат мандат за да разговараме за решение кое нема да задира во нашиот идентитет, и нашиот устав. Оттаму за нас е поважно да се концентрираме на барање решение за проблемот, отколку да размислуваме дали би било полесно да се разговара со Сириза или некоја друга партија. Во таа насока ги гледаме и мерките за градење на доверба. Очекувам тие да не останат само на хартија, туку да се имплементираат, рече Груевски.
Дали постоеше некој момент додека бевте Премиер кога двете земји се најдоа блиску до постигнување на договор?
Моментот кога беше ставено вето на нашиот прием во НАТО сигурно не е тој момент…Тоа дефакто сѐ уште е на сила и значително придонесе кон нарушување на билатералните односи. Сѐ што беше пред и после оваа одлука на Грција, беа моменти на приближување на ставовите на двете земји, нешто што сѐ уште е недоволно. Моментите кога имавме, освен разговори преку ООН, и директни разговори помеѓу политичарите на двете земји, исто така даваа надеж. За несреќа, финансиската криза во Грција и севкупниот нестабилен политички амбиент, често во рана фаза ги прекинуваа таквите моментуми. Имам чувство дека вашата јавност е недоволно или несоодветно информирана за состојбите во Република Македонија. Тоа им создава препреки на вашите политичари да донесат похрабри одлуки. Треба да ги надминеме стереотипите едни кон други и да гледаме повеќе на работите кои нѐ приближуваат. Верувањето дека со сила или со уцена ќе се наметне нов идентитет на македонскиот народ, е погрешна теза. Таквата позиција ги зацврсти идентитетските одредници на македонскиот народ, затоа што таквиот однос и реализацијата на сето тоа, само предизвикаа претпазливост кај секој еден Македонец. Тие создадоа рефлекси од опасноста да се остане безимен и без она што ние мислиме дека е наш идентитет. Верувањето дека ние сме закана за Грција е целосно неточно. Која закана ја видовте од нас во последните 25 години? Всаденото уверување дека постои забуна на географските поими како што се Република Македонија и вашите региони источна, централна и западна Македонија се исто неточни. Има многу примери во Европа кои го докажуваат спротивното. На пример во Белгија има регион Луксембург. Но отидовме во многу детали, рече Груевски.Дали сте подготвени да ни опишете кои се вашите црвени линии во преговорите со Грција?
Нашите црвени линии како политичка партија се јасни. ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати предлози што би го загрозиле македонскиот народ и македонскиот национален идентитет, засебноста на македонската нација и македонскиот јазик и култура. Неприфатлива е каква било промена на уставот со која се менува уставното име на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ како одговорна и народна партија, нема да дозволи кое било решение за спорот кој го наметна Грција, да биде прифатено од страна на политичари или поединци, влада или парламент без референдум. Ние сме подготвени да го продолжиме дијалогот и да останеме силно посветени на процесот на интеграција во семејството во кое припаѓаме и политички и културно и економски. Ние сакаме решение за проблемот не само заради членството во НАТО и ЕУ, туку и заради нормализирање на односите со Грција. Надвор од овој проблем, постојат многу заеднички предизвици кои ако заеднички ги решаваме, ќе биде подобро и за двете држави и народи, и за целиот регион. Но сепак, решението не може да биде еднострана желба на една од двете држави, туку компромис кој не загрозува ничии интереси. Не постои решение издејствувано со сила, закана или уцена кое може да е одржливо. Земете ја на пример привремената референца за името од Времената спогодба од 1995 година. Тогаш народот не беше прашан. Секој во Македонија ја отфрла таа референца. При тоа, народот е уште поподготвен да се бори за сопственото име и идентитет. Таа е навредлива за македонските граѓани и така ќе остане засекогаш, заклучи Груевски.Грчки новинар го праша лидерот на владејачката партија: Дали сте оптимист дека ќе победите?
-Оптимист е благ термин. Јас сум сигурен дека В