Груевски за состојбата на терен: ВМРО-ДПМНЕ е со народот!-ВИДЕО

Еве што истакна лидерот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, при гостувањето во вестите на Сител телевизија.„На терен се работи по 15 часа за санирање на штетите од невремето“
Груевски истакна дека околу 3.000 луѓе- волонтери, војска и полиција се на терен, од кои најголем дел се и од ВМРО-ДПМНЕ, активисти и членови кои по повик на партијата и на општинските комитети заминаа таму и секојдневно се таму.
-Практично, ако се земат и огромен број на работници кои освен како волонтери дојдоа и преку одредени јавни претпријатија или на повик на градоначалници, организирани од наши градоначалници, веројатно над 70-80 проценти од луѓето кои во минатите денови помагаа беа наши членови и активисти. Се разбира имаше и други граѓани кои помагаа и на сите би сакал да им упатам јавна благодарност за сето тоа што го правеа во минатите денови и денеска и се надевам во наредните денови, додаде Груевски.
 
„Скопје има градоначалник кој е човек од народот“
-За првпат Коце Трајановски покажа како треба да се соработува со народот, како треба да се биде на терен со народот, како да се сочувствува со неговите проблеми и на секаков начин да се помага. И како градоначалник, со средства, со сите расположливи капацитети на комуналните претпријатија и директно со присуство од најмалку 15 часа на терен дење и ноќе. Барањето за оставка на Коце Трајановски и најавата за скорешни протести од оние луѓе од таканаречената Шарена револуција само покажува дека СДСМ и во оваа ситуација максимално деструктивно се однесува. Освен одењето на терен само за сликање, земањето на лопата додека трае снимањето и така натаму, се останато е барање на начин како да се добијат политички поени и да се води негативна кампања која  продолжува од она што беше претходно. Тие водат крајно негативна и манипулативна кампања. Сега повторно го прават тоа и веројатно ќе биде така до изборите. Не очекувам драстична промена во однесувањето на СДСМ, тие од изборите 2014 до сега и веројатно во иднина ќе продолжи со негативна и манипулативна кампања со искривени информации, полуинформации, едитирани работи и така натаму. Лидерот на таа партија е човек кој покажа дека 99% од неговото делување е во деструкција и манипулации, лаги и интриги, рече Груевски.
„На терен се работи по 15 часа за санирање на штетите од невремето“
Груевски истакна дека околу 3.000 луѓе- волонтери, војска и

Пронајдете не на следниве мрежи: