Груевски за состојбата по поплавите: Интензивно се обновува инфраструктурата, Владата ќе ги обештети граѓаните

Владата ќе изврши делумно авансно плаќање на она што треба да им се даде на граѓаните, рече Груевски во своето гостување во вестите на Сител телевизија.-Еден дел од обесштетувањето, помал, но значаен за граѓаните, ќе биде авансно исплатен, а подоцна кога ќе се завршени точните пресметки колку на која куќа треба да се исплати, тогаш остатокот, поголемиот дел, ќе биде исплатен. Со ова ќе се овозможи да се даде прва исплата која во овој момент е најважна за луѓето, особено за оние кои ја имаат изгубено цела покуќнина. Има куќи кои се на два ката и таму некако може да се сместат на горниот кат, но има и куќи на еден кат и тие немаат многу алтернативи. Сопијат или по роднини, пријатели, комшии, по прифатните центри и така натаму. За нив е екстремно е важно да стигне барем еден дел од средствата со кои владата ќе помогне, изјави тој.
 
Над 40 тима за проценки работат на терен за попис на штетите
-Од она што го знам се прави масовно проценување, над 40 екипи на проценители работат на терен секојдневно, по цел ден. До вчера беа направени над 1200 проценки, а вчера 800, денес се очекува од прилика иста бројка. За неколку дена ќе заврши тој процес, веројатно во текот на следната недела и мислам дека владата направи одлична организација и максимален обид сето тоа побрзо да се заврши. Покрај директното работење на терен, 1200 пумпи за извлекување на водата, голем број на граѓани, војската, армијата и полицијата се тргнаа силно и со проценители кои очекуваме брзо да ја завршат својата работа за да може да им се помогне на граѓаните. Видов дека огромен број на луѓе немаат ништо, имаат загубено се. Буквално немаат ништо. Голема е помошта од многу граѓани, од Црвен крст, донатори и компании кои помогнаа во процесот и верувам дека додека заврши проценката и стигнат средства од државата ова е од голема помош за луѓето, истакна тој.
 
Почнува да се обновува инфраструктурата во погодените места
-Од посетите на населените места, на пример вчера бев во Страчинци, таму кога отидов првиот ден, во понеделникот, состојбата беше ужасна. Патиштата беа претворени во реки, во места кои што повеќе изгледаат на планини претрупани со камења, со дрва, со отпад, со земја и не можеше да се помине и да се дојде до некоја куќа. Во ужасна ситуација го напуштивме населеното место Страчинци. Три дена покасно, вчера кога отидов видов дека веќе патот е расчистен, на одредени места стои асфалтот, на одредени места не стои, но денеска почна тампонирањето на делови од патот, веќе се движат возила.
 
Состојбата покрај во Страчинци, се подобрува и во населените места Црешево, Смилковци, Раштански пат…
-Слично е и во Црешево, патот беше целосно руиниран асфалтот на одредени делови отфрлен неколку метри надвор од патот, но и таму е веќе тампонирано. Тампониран е оној дел каде што имаше кратери, односно дупки од метар, два или повеќе. Слично и во Смилковци и во Раштански пат. Онаму каде главниот проблем беше инфраструктура веќе имаме нормална инфраструктура во смисла на проодност, за целосно асфалтирање ќе треба повеќе време. Но, веќе може да се движат возила. Се работи максимално, додаде Груевски.-Еден дел од обесштетувањето, помал, но значаен за граѓаните, ќе биде авансно исплатен, а подоцна кога ќе се завршени точните пресметки колку на ко

Пронајдете не на следниве мрежи: