-СДСМ измислија и им ветуваат на граѓаните дека од ДДВ ќе враќаат по 500 евра годишно на сите граѓани, прво не ги сфаќавме сериозно, а подоцна по направената математика ние увидовме дека граѓаните месечно треба да трошат по 2.000 до 2.500 евра за да го добијат назад ДДВ од 30.000 денари, колку од граѓаните во Демир Хисар земаат месечна плата од 2000 евра? Тоа е една од големите лаги на СДСМ, рече Никола Груевски Претседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4.-Тој исто така ветуваше дека толку многу фабрики ќе донесе во нашата држава што ќе ги врати сите иселеници од Австралија, Америка, Њу Џерси во родната земја и тоа е една од големите лаги на Заев, тој исто така ветуваше во својата општина Струмица дека ќе донесе фабрики и отворање на нови работни места, а досега откако е на власт нема отворено ниту едно работно место. Следна работа што мораше да ја направиме во Струмица беше носењето на технолошка индустриска зона, бидејќи тој не донел ниту една странска инвестиција во Струмица, а само со години го лаже народот, истакна Груевски.
-Неговите лаги се лесни и проѕирни, тој нуди плата од 16.000 денари, а тој очигледно не ја знае математиката, тој исто така понуди просечна плата од 30.000 денари ако дојде на власт, тој очигледно зборува приказни и си го потценува својот народ, наместо да се залага за отворање на нови работни места и странски инвестиции. Во 2006 години просечната плата во Македонија зинесуваше 11.000 денари, а до денес таа е покачена од страна на оваа влада, а не од страна на СДСМ. Потсетете се како Заев му бараше мито на својот сограѓанин објаснувајќи дека во општината рекетот се дава бидејќи така треба. Пред неколку денови се откри и аферата со едно бројче кое стоело во фиоката на Заев, а тој со тоа бројче сакал на диво да изгради градба која по донесување на законот со стар датум сакале да го легализираат објектот. Но Заев очигледно не знае дека постои интернетот кој што може да ги фати криминалците преку можноста „гугл ерт“, каде што јасно се гледа дека на тоа место во 2009 година имало полјана, а денес комплекс на згради, потенцираше Груевски.
Груевски вели и дека Тој и кога зборува за сето тоа тој заборава дека во негово време Македонија беше рангирана на 105 место, а денес е на 66 место во врска со митото и корупцијата во нашата држава.
-Тој со недели збореше дека треба да се воведе двојазичноста на целата територија на Република Македонија, тој сам збореше за промена на уставот и дека рамковниот договор е тесен, а сега во некои медиуми вели дека тоа не е точно. Исто така во Швајцарија тој зборуваше за кантонизација и сега откако ги убеди Албанците се реши да се предомисли и дека сите овие работи кои ги зборува тој се само во мојата глава и не е точно дека зборувал за дестабилизација, двојазичност и кантонизација, вели Груевски.-Тој исто така ветуваше дека толку многу фабрики ќе донесе во нашата држава што ќе ги врати сите иселеници од Австралија, Америка, Њу Џерси во родн