Стратегијата на опозицијата е многу провидна и затоа народот ќе си го даде својот одговор и тој одговор ќе биде многу силен затоа што ваквото погубно сценарио кое го спроведyва Заев мора да биде сопрено само преку освојување на 63 пратеници кои ќе обезбедат сигурност и нема да не направат зависни ниту пак уценети, рече Никола Груевски на митингот во скопски Аеродром.-Тргнете ги на страна навредите кои на дневна основа ги добивам јас и моите соработници од Заев и неговите неговите соработници, тргнете ги апстракните поими за тоа дека план за живот ќе дарел Заев и љубов ќе ширел, како и активностите на неговата испостава СЈО, погледнете ја големата слика, ќе забележите дека тие се потпираат на гола реторика, дека нема ништо за граѓаните, рече Груевски.
Ако може да испровицираат некаков инцидент, рече Груевски, или да исфарбаат некој билборд, за нив најдобро ќе биде и ако може до крајот на кампањата само за тоа да се збори, тоа им е целта.
-Го сфаќам дека не му е лесно на Заев, човекот се поти, се грчи, како ли ќе им каже на своите дека по две и пол години најцрна кампања, каква Македонија до сега не видела доживува фијаско и џабе беше насилство, џабе беа платениците, џабе беа организациите на оној светскиот филантроп и неговите пари, џабе беа обидите за закрвување, народ не ги сака и изборите ќе ги загуби. Не е до голата реторика туку народот бара работа и проекти, бара посветеност и конкретни работи и решавање на нивните секојдневни проблеми. Зборовите за тоа дека живот ќе дарел не ги решава предизвиците со кои се соочува земјоделецот, без разлика која националност е и не дава иднина на работникот, или пак сигурност кај младиот човек, и кај Македонецот и кај Албанецот и кај сите. Она што решава проблеми се проектите и многу работа, труд и посветеност каква ние застапуваме целиот период од нашето управување со државата, рече Груевски.-Тргнете ги на страна навредите кои на дневна основа ги добивам јас и моите соработници од Заев и неговите неговите соработници, тргнете ги апстрак