Груевски: Заев ветува просечна плата од 500 евра а на своите вработени им дава минималец!

Зоран Заев ви ветува живот, притоа не навредува со најпогрдни зборови нарекувајќи не секако, и измислувајќи куп лаги и невистини сакајќи да го заборавиме неговото вистинско лице. Тоа е лицето на човекот кој многу добро го познавате сите, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски од Струга.-Јас нема да кажам лошо за него ниту да го навредам на лична основа, само ќе ви кажам што тој направил досега: тој вети нови работни места во зоната во Струмица и не направи ништо. Зоната е празна ледина, не стои на зборот. Тој е човекот кој делеше тендери на неговите роднини, браќа, чичковци, братучеди, стрини….тој е човекот кој е спремен се да каже и да се здружи со секого дури и со ѓаволот за да оствари лични амбиции и хирови и фрустрации. Тој директно ја рушеше државата со крајна цел која ја видовме и сами си ја кажаа редефинирање на државата и виткање на кичмата. Тој е човек кој без збор прифати да биде алатка во рушењењ на државата и закрвување на Македонците, тоа е човекот кој задоволен ветува се и сешто на секаде и око не му трепнува за тоа, рече Груевски.
Тоа е човекот кој денес едно ќе каже, а утре ќе се демантира и гајле нема.
-Се сеќавате нели не го познаваше Верушевски на почетокот, така тврдеше. Па потоа Заедно гушнати водат кампања кажуваат колку биле блиски. Велеа Чаушот не бил член, па се покажа дека исто како и Верушевски Заев со Чаушот се најдобри другари и член бил и активист бил. Велеа има фантомски гласачи. Лицитираа со бројки од пола милион па надалу, за да на крај се виде дека ништо од ова не е точно. Заев во едно исто интервју смени став па прво не убедуваше дека сите нелегално прислушувани материјали сам ги слушал, за да 15 минути подоцна во истото интервју го смени ставот, па признае дека го преслушувале градивото и сите негови соработници. Е тој човек ви нуди живот замислете, човекот кој не знае да изброи колку пари има, па вика дека тој и семејството 6-7 милиони како да е мала разликата од 6 до 7 милиони….па потоа излезе дека само фирмите од неговиот клан имаат приходи над 200 милиони евра во изминатите години. Тој човек вика немало живот во Маакедонија.. и замислете тој ќе ви даде живот, рече Груевски.
Тој продолжува да ве потценува, додава лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и продолжува: не ни внимава веќе што ветува што зборува и онака веројатно набрзина таа агенцијата што ја користат за да не плукаат му подготвила слоган и тој со леснотија како што прави се во животот, им прифатил и си рекол во себе па можеби и можам живот да дадам, од кај да знам.
-15% од ДДВ. Ајде вака да се запрашаме сите. Тој е градоначалник 11 ипол години уште малку 12 години. 12 години управува со приходите на граѓаните на Струмица, што не им врати на струмичани 15%? Човекот си зборува си ветува на памет не му паѓа нешто да реализира од тоа. Ако сакаше да враќа 15% ќе покажеше на дело ќе вратеше во општината и ќе речеше како што го направив тоа во Струмица, така ќе враќам во Македонија. И тогаш можеби некој ќе веруваше, но за многу работи се покажал некредибилен и не го реализирал ветувањето. Вели и дека на тутунарите ќе им даде поголеми субвенции а кога беа на власт субвенциите беа 0. Се сеќавате дека во 2006 неколку месеци пред изборите се собраа неколку илјади тутунари пред Владата за да се изборат за барем мали субвенции. Ако сакаа да даваат субвенции ќе даваа кога беа на власт а имаа повеќе можности, но тогаш земјоделците не ги сметаа за народ, вели Груевски па продолжи:
Слушам и дека вели дека ќе го спречи иселувањето. Што не го спречи иселувањето во Струмица. Се знае како се спречува иселување, со носење на инвестиции, што не донесе инвестиција во Струмица. Таму 12 години е на власт и една фабрика нема донесено, ние ја донесовме во Струмица Џонсон Контролс…
-Вели и дека ќе обезбеди просечна плата од 500 евра. Сега просечната плата е околу 350-60 евра па вели дека преку ноќ ќе обезбеди просечна плата од 500 евра. Едно е што не кажува како, па си викам дека можеби во неговата фирма обезбедил толкава плата. Но во неговата фирма најголемиот дел од вработените се на минималец. Каква просечна плата? Што не им обезбеди на вработените во неговите компании по 500 евра плата, па и тие сакаат по 500 евра и да можат да одат на одмор, како што вели Заев. Па вработените во неговата фирма едвај преживуваат, вели Груевски.
Затоа заклучи тој, да бидеме сериозни, затоа што изборот е лесен и јасен и референдумски и граѓаните ќе го дадат на 11 декември за ВМРО-ДПМНЕ.-Јас нема да кажам лошо за него ниту да го навредам на лична основа, само ќе ви кажам што тој направил досега: тој вети нови работни места во зонат

Пронајдете не на следниве мрежи: