Груевски: Зборовите без резултати и дела се ништо

Започнува новото движење кое ќе ја донесе новата ера за Македонија. Ера на просперитет, на напредок, исполнети ветувања, достоинство, одговорност и заедништво. Ера која ќе ја предводи оваа наша коалиција и која ќе покаже на сите, и дома и надвор, на сите оние кои се оправдано загрижени или можеби барем малку се скептични дека „Да, Македонија може, ние можеме. Македонија може и мора подобро“.Ова денеска од митингот во Македонски Брод го порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
-На Македонија и треба нова ера и нови победи. Продолжуваме да ја следиме патеката со ваша целосна поддршка, со истата љубов и посветеност како од првиот ден. Искрено верувам дека изборите на 15 октомври ќе завршат со најдобрите резултати за нашата држава, за нашата Македонија. Нашиот народ ќе добојде до најсоодветните услуги што ги очекува, услуги какви што заслужува. Македонија припаѓа на народот и овој град припаѓа на неговите жители. Секој од вас, ти си тој што ќе донесе одлука и го има последниот збор за нашиот град, за вашиот град, за нашата татковина, истакна Груевски.
Посочи дека нивната најважна цел е да ја реализираат волјата на граѓаните и нивните соништа.
-Работиме само за таа цел бидејќи сме тука да ви служиме, ние сме во ваша служба. Зборовите беа значајни во минатото затоа што тие вродуваа со резултат, рече Груевски.
Нагласи дека откако ВМРО-ДПМНЕ влезе во Владата, зборовите не биле празни, туку значеле реализација.
-Зборовите без резултати и дела се ништо. По делата ние се препознаваме, а ние во изминатиот период остваривме за Македонски Брод како ниту една друга власт претходно. Наш најголем успех е намалувањето на невработеноста и зголемување на вработесноста. Ние креиравме нови 170.000 нови работни места во минатата деката. На почетокот на 2006 во општината Македонски Брод имаше околу 1000 вработени лица, а на крајот на 2016 бројката се искачи на 1.660 или зголемување на 66 проценти. Се оформи нова локална индустриска зона и веќе постоечката технолошко-индустриската развојна зона и се донесоа нови странски инвестиции. Фабриката „Key Safety Systems“ инвестираше во овој регион по наша заложба, по наша борба, по наше убедување. Нудење на најдобри можни услови за да дојдат тука и да отворат нови работни места за овој крај, за луѓето да најдат работа, подвлече Груевски.
Потенцира дека во моментот фабриката вработува над 1.350 луѓе, како и оти компанијата планира проширување.
-Се изградија патните правци Вардариште до Долно Круше, патот за Зркле, патот за Требовлје, од Самаков до Ковач, патот за Могилец, патот за Злечен, од Загрт до Волчин. И доизградени се од Сватино до Крушје и патот за Калугерец. Вкупната должина на овие патишта е 25 километри. Инвестирано е во пробивање, тампонирање и асфалтирање на 23 други улици во Македонски Брод, во Самаков, во Требино, во Здуње, Долна Белица и Близанско. Се изградија пет мини мостови и два се реконструираа. Се изгради нов градски пазар за жителите на Македонски Брод и очекувам за брзо да биде пуштен во употреба, истакна Груевски.
Нагласи дека жителите од Латово се поврзаа на регионалниот водовод Студенчица и оти се изградил водоводот Загрешница.
-За најмладите, за љубителите на спорт и сите жители на општината Македонски Брод се изградија тениско игралиште во Македонски Брод, мултифункционално игралиште во Самаков и игралиште за мал фудбал во Суводол. Се изградија спортски сали во основното училиште и во гимназијата во Македонски Брод, се изгради и фудбалски стадион, исто така, во Македонски Брод. Се инвестираше во развој на туризмоти промоција на убавините на општината. Се уредија патеките кон пештерите и се инвестираше во уредување на самите пештери Голубарница, Лапирница и Момичек, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Додаде дека уреден бил и локалитетот Пешта, но и оти била давана континуирана поддршка на локалните фестивали и манифестации.
-Се овозможија  легализација на бесправно изградените објекти на територијата на цела Македонија по едно евро за метар квадратен. Овозможивме откуп на земјиштето под објект и дворното место за едно евро по метар квадратен. Сега граѓаните имаат имотни листови за својот имот и во голем дел веќе си ги реализираа легализациите за да станат свои на своето, посочи Груевски.Ова денеска од митингот во Македонски Брод го порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
-На Македонија и треба нова ера и нови п

Пронајдете не на следниве мрежи: