Се сеќавате ли кога во 2006 година во Владата влезе ВМРО ДПМНЕ. Веднаш напрвивме ребаланс во кој што ги зголемивме парите за земјоделците. На СДСМ им се виде дека тоа е многу пари. Дека тоа се пари што непотребно се трошат, дека тоа е луда работа да се даваат толку пари за земјоделците. Па, ни око да им трепне дадоа изјава напаѓајќи не нас дека ние сме биле земјоделска Влада, изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски на митингот во Валандово.Груевски истакна дека Македонија е земјоделска држава и најголем дел од граѓаните живеат и опстојуваат од земјоделието.
-И покрај тоа што опозицијата сака да не навлече на некои други теми јас нема да престанам да зборувам за темата економија, бидејќи тоа е областа која обезбедува прогрес и создава нови шанси за секој граѓанин. При моите чести теренски посети, никој досега не ме прашал за некои апстракни и замислени теми за кои најчесто дебатира опозицијата. Но, затоа побарале да помогнеме за нечие вработување, побарале да се изгради некој пат, побарале водовод, побарале канализациона мрежа, побарале реконструкција на училиште побарале нова амбуланта, побарале амбулантни возила во нивниот крај, побарале многу работи за кои што ние колку што можевме и најмногу што можевме им излегувавме во пресрет. И секогаш сме наоѓале заеднички решенија и со земјоделците и со тутунарите и со лозарите и со градинарите, сточарите и со работниците, со синдикатите и со оние кои бараат работа, невработените затоа што нашата основна задача како политичари е да понудиме решенија на проблемите, а не празни фрази од типот дека ќе го спречиме иселувањето, а не кажуваме како или па да кажеме, подобро да не кажеме од оние од типот на Заев дека тој ќе донел толку фабрики, што ќе го спречел иселувањето, а во Струмица една не донел фабрика кај што е единаесет и пол години градоначалник и е на власт, рече Груевски.
Тој посочи дека кај најголемиот повеќедецениски проблем, невработеноста, има огромен напредок и додаде дека во оваа област и понатаму ќе продолжат и ќе бидат фокусирани во наредниот период.
-Отворањето на нови можности за успех на секој поединечно, индивидуален успех, за реализација на плановите на секој поединец е нашата основна задача. За сето ова имаме прецизен одговор содржан во нашата програма наречена Реално. А, се вика Реално затоа што е реална, затоа што пресметани се сите проекти, се е добро прецизирано неколку пати премерувано пресметувано, за да не испадне дека нешто ветуваме, а не можеме да го исполниме. Напротив, имаме многу работи и неветени кои што не сме сигурни дека можеме да ги исполниме, а ќе се обидеме да ги исполниме и да изненадиме позитивно како што тоа сме го правеле и во минатото. Економијата е поле кое мора постојано да се развива и ние ќе продолжиме да го правиме тоа. Новите проекти од програмата се најсериозниот одговор за потребите на граѓаните и затоа така ќе продолжиме како што теравме и во минатото. Оваа Влада е пред се економска Влада, земјоделска Влада, Влада која се грижи за здравството, образованието, за многу други дејности кои што им се важни на луѓето, економија и се што е поврзано за економија. Па така во минатите години, обезбедивме една милијарда и педесет и пет милиони евра поддршка за македонските земјоделци и македонското земјоделие. Тука се субвенциите и мерките за рурален развој. Го намаливме ДДВ-то за сточна храна од 18, на 5 на храна за добитокот. Изработивме дополнителна стратегија за подигнување на квалитетот и зголемување на земјоделскиот род, истакна лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски на митингот во Валандово.
Изјавите на Зев дека сме националисти се неосновани. Платите и пензиите се покачени за сите, а субвенциите и мерките за подобар живот важат за секого, истакна меѓу другото лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и носител на листа во ИЕ 4, во своето обраќање од митингот во Валандово.
-Не ги делевме луѓето дали се Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи… затоа што за нас сите се исти. Изјавите на Заев дека сме националисти се без основа, затоа што покажавме дека на сите ги покачувавме пензиите, на сите ги покачувавме платите, на сите им дававме субвенции, никого не делевме и никого не прашувавме што е по етничка заедница. На сите помагавме, кога имаше поплави одевме и во штипско и во Шипковица и во Новаци и во Речица. Приказната за националисти не држи вода. Оваа коалиција се бори за сите граѓани. Ако некогаш предупредиш за тоа што може да и се случи на државата, тоа не значи дека си националист, рече Груевски.Груевски истакна дека Македонија е земјоделска држава и најголем дел од граѓаните живеат и опстојуваат од земјоделието.
-И покрај тоа што о