Канадска туристка била силувана во зградата на полициската управа во Париз. Во врска со тоа, над 100 полициски службеници ќе мора да направат ДНК тест.Обвинети се и двајца високо рангирани службеници, а еден маж тврди дека девојката своеволно стапила во односи со него.
Траги од ДНК на четворица мажи се пронајдени на 34-годишната жртва откако го пријавила силувањето во април минатата година.
Сега мора да се тестираат 120 полицајци за да се открие која е четвртата личност.
Имено, Канаѓанката во паб покрај зградата на полициската управа се сретнала со неколку полицајци кои не биле на должност во тоа време и отишла со нив во полициската станица каде што продолжиле да пијат и да се забавуваат. Ден подоцна го пријавила инцидентот во друга полициска станица.
Претседателот на синдикатот на полицијата Патрис Риберо, смета дека тестирањето на сите полицајците е претерано.
Од друга страна, министерот за внатрешни работи Бернард Казенев, рекол дека двајцата обвинети полицајци ќе ги сносат најтешките последици доколку се докаже нивната вина.Обвинети се и двајца високо рангирани службеници, а еден маж тврди дека девојката своеволно стапила во односи со него.
Траги од ДНК на четв