Ѓубреџиите во Грција штрајкуваат, еколошка катастрофа на повидок

Сметот на улицита во грчките градови е се поголем, бидејќи вработените во комуналните претпријатија влегоа во втората недела од штрајкот. Грчките комунални работници почнале штрајк во минатиот четврток барајќи подобар работен статус и оставија огромна количина на ѓубре да седи по улиците на високите температури во Атина и неколку други градови.
Повеќе од 1.000 луѓе, според податоците на грчката полиција, излегле на централните улици во Атина, барајќи од владата да го исполни ветувањето за постојано вработување на работниците кои имаат договори на одредено време, пренесуваат западните медиуми.
Во меѓувреме, премиерот Алексис Ципрас ја прими делегацијата на Синдикатот, ветувајќи дека договорите на работниците ќе им бидат продолжени и дека ќе биде обезбедено новото вработување да биде на неопределно време.
-И покрај тоа, Синдикатот одлучи да не го запре штрајкот, изјави портпаролот на грчката влада Димитрис Цанакопулос, обвинувајќи ја главната опозициска партија, Нова демократија дека стои зад штрајкот.
Грчките власти предупредија дека насобраното ѓубре претставува ризик по здравјето поради жешкиот бран кој го зафати Балканот неделава.
Во Атина се очекува температурите да достигнат до 42 степени до крајот на неделата, поради што грчката Агенција за јавно здравје издала предупредување во случај на продолжување на штрајкот.Грчките комунални работници почнале штрајк во минатиот четврток барајќи подобар работен статус и оставија огромна количина на ѓубре да седи по улиц

Пронајдете не на следниве мрежи: