Нашата виолиниста Пламенка Трајковска со својот гудачки квартет ќе реализира концерт со наслов ,, Гудачки квартет во наше маало,, во петок 17-ти март во О.У. Климент Охридски во општина Бутел со почеток во 12 часот.Концертот е наменет за децата од училиштето но и за сите добронамерници од општината кои сакаат да уживаат во звуците на класичната музика.
На програмата се познати дела од композиторите на класичната музика како Ж. Бизе, Л. Бокерини, П.И. Чајковски , Офенбах и други.
На концертот покрај Пламенка Трајковска ќе настапат Наташа Диденко, Сања Смилеска и Маја Михајловска.
Пламенка Трајковска последните години иницира и реализира концерти кои се наменети за помладата публика од отворен карактер во основните училишта со цел да овозможи доближување на класичната музика блиску до публиката. Таа досега има реализирано детски концерти во повеке скопски училишта но и во одделните домови на култура во Штип и Кичево.
,,По серијата концерти во 2016 година и во 2017 година продолжуваме со концертите за деца. Имавме огромен успех со досегашните концерти на кои децата ја наградуваа секоја композиција со громогласен аплауз. Тоа за нас е мотивација да продолжиме да ја донесуваме класичната музика во училиштата и во помалите срдеини. Можеме и да ги најавиме и нашите следни концерти во основните училишта во Скопје и во Домот за култура во Ново село.,,
Концертот се реализира под покровителство на Град Скопје и со поддршка на општина Бутел и О.У. Климент Охридски.Концертот е наменет за децата од училиштето но и за сите добронамерници од општината кои сакаат да уживаат во звуците на класичната музика.