ГУГЛ создава пилули за рано откривање на ракот!

Гугл е веќе сместен во нашите автомобили, домови, па дури и на зглобовите на рацете, а сега се подготвува да влезе и во нашите тела. „Google X“, истражувачката лабораторија на компанијата, работи на развивање на пилули, кои би можеле да го откријат ракот и други болести.
Пилулата би требало да биде исполнета со наночестички од железен оксид, кои влегуваат во крвотокот и идентификуваат клетки од рак, а потоа праќаат биохемиски сигнали, кога ќе се дојде во контакт со нив. Треба да се поврзе со сензорска направа која се носи на телото и која го снима сите добиени податоци. 
„Секоја истрага поради која досега сте оделе на лекар ќе може да биде направена преку овој состав. Тоа е нашиот сон“, рекол Андреј Конард, шефот на „Life Sciences“ тимот во истражувачката лабораторија на Гугл.
„Во наредните пет години не очекуваат големи предизвици, како технички така и социјални. Научниците треба наночестиците да го обојат со антитело кое препознава и се врзува на протеинот на површината на туморните станици. Уште не знаеме колку наночестици ќе бидат потребни за да поче да функционира оваа работа. Уредот исто така мора да биде мал и ненаметлив, и треба да содржи и батерија која не треба често да се полни“, дополнува тој. 
На проектот развој на наночестици работат повеќе од 100 вработени на Гугл, вклучувајќи астрофизичари, хемичари и инжинери по електротехника, а Гугл не сака да открие колку пари ќе потроши на тоа.
„Најмалку пет до седум години ќе му требаат на Гугл за да го одобрат проектот лекарите“, рекол Сем Гамбхир, шефот на радиологија при Медициснкиот центар Станфорд, кој повеќе од година дена го советува д-р Конард.„Google X“, истражувачката лабораторија на компанијата, работи на развивање на пилули, кои би можеле да го откријат ра

Пронајдете не на следниве мрежи: