Јутјуб се претвори во најголемиот музички сервис на светот, а вчера оваа компанија ги претстави новостите со кои дополнително ќе се подобри овој сервис.На апликациите на страницата на Јутјуб ќе има ново јазиче наменето за љубителите на музика, во кое ќе има издвоени музички спотови, препорачани плејлисти, базирани на музиката што ја слуша корисникот и песните кои моментално се во тренд на YouTube.
Тука ќе се наоѓаат и песни од каналот на кои се претплатени корисниците, а во текот на следните неколку дена корисниците еднсотавно ќе можат да ја пронајдат целата дискографија од музичарите. Ова е одлична вест за сите љубители на музика, кои конечно едноставно ќе ги бараат сите албуми и песни од омилените музичари на само едно место.
Другата новост е дека ќе има и претплата. Новиот претплатнички сервис YouTube Music Key ќе овозможи слушање на музика и гледање на видеа без огласи, репродукциски музички видеозаписи, дури и кога екранот е заклучен, а на корисниците ќе им биде најинтересна опцијата за слушање на музика офлајн. Промотивната цена е 7.99 долари месечно.На апликациите на страницата на Јутјуб ќе има ново јазиче наменето за љубителите на музика, во кое ќе има издвоени музички спотови, препорачани пле