Гугл знае што правевте вчера

Loading...

Гугл знае што правевте вчера!За оваа колумна и податоците изнесени во неа искрено и длабоко треба да му се заблагодарам на Гугл. Сте чуле за Google search history? Мики, батките од Гугл сосема посветено (со “мала” доза на орвелизам), професионално и вредно ги собираат и чуваат сите наши пребарувања преку Гугл с`рч. За кого и зошто, (ве поздрави Сноуден) подобро и да не знаеме. Јас дојдов до Google search history на неколку наши јавни личности. Има ли вистина во ова, точно е или не, само еден Гугл знае. И тие самите. А што тие имаат во историјата на нивните интернет пребарувања. Знaчи, што најчесто пребаруваат на интернет:
 
Александар Маленко
-Традиционални имиња на машки деца
-алиментација, нов закон – процедура и утврдување на сумата
-онлајн тренинг-како најлесно да ги запамтиш имињата на сите свои деца
-“Marriage and how to stop doing it” for dummies
-таблети за контрацепција за мажи- упатство за употреба
 

 
Андреј Жерновски
– онлајн забрзан курс по архитектура “Си правел ли некогаш кули од песок? Значи и ти можеш да бидеш архитект”
– инат, можности и практична примена
-Фото, шарени згради и балкони, Тирана, Мумбаи
– поликолор, понуда на широк асортиман на бои, големи количини
-“Top 10 tips & tricks how to stop the baroque” for dummies
 
Саше Политико
– талибанци, фашисти, сталинисти, маоисти, героисти и уште понавредливи термини и пцовки и како најефектно да ги користиш
-најниска цена на млеко во Скопје, маркет и локација
-сам свој адвокат, забрзан онлајн курс по право и правни норми и КЗ на РМ
– сам свој доктор, параноја, шизофренија дијагностицирање и третман
-“First time in prison” for dummies
 

 
Бранко Героски
-онлајн регистрација на фирми-брзо и ефикасно
-Андроид апликација-Како најлесно да ја пресметаш квадратурата на своите станови
-како од комунистички уредник да станеш капиталистички газда на медиум, план и инструкции
-www.justask.net  – Дали со отворање на десетиот медиум конечно ќе станам добар новинар
-“100 different ways to offend your President” for dummies
Повеќе може да прочитате на АВГАНТУРАЗа оваа колумна и податоците изнесени во неа искрено и длабоко треба да му се заблагодарам на Гугл. Сте чуле за Google search history? Мики, баткит

loading...
Loading...