Гуглала симптоми и ДОЗНАЛА ДЕКА УМИРА: „Мислеа дека на 22 години сум премлада за оваа болест“ – Ова НЕ СМЕЕТЕ да го игнорирате

Сејди Ренс со месеци се превиткувала поради стомачни грчеви и запек, но лекарите биле убедени дека има проблеми со варењето. Кога во очај ги побарала своите симптоми на Гугл, добила резултат од кој сите најмногу се плашат.Сејди Ренс (22) чувствувала страшни болки во стомакот, а кога конечно дознала за што се работи почнала очајничка борба за нејзиниот живот – туморот во нејзиниот стомак пораснал колку лубеница. До тогаш девојката била убедена дека има болест на дебелото црево.
Докторите не ја поставиле вистинската дијагноза, а кога помош побарала на Гугл несреќната млада жена сфатила дека нејзините симптоми покажуваат дека има рак на јајници во напредна фаза.
Докторите и соопштиле дека не можат да и го отстранат канцерот бидејќи нараснал и се врзал за нејзините внатрешни органи. Се проширил на црниот дроб, дијафрагмата, срцето и белите дробови.
Според проценките и останале само една или две години од животот.
Во јуни минатата година, Сејди и нејзиното момче Џејсон се свршиле а подоцна и се венчале опкружени со пријателите и семејството.
„Ракот на јајник кај популација која има помалку од педесет е толку редок што мислам дека таа опција не ја ни разгледале. На интернет видов дека имам осум од девет симптоми, но сите ми велеа да не бидам смешна, бидејќи јас сум премногу млада за оваа болест”, вели Сејди.
 
 

Кога лекарот открил што е во прашање и рекол на Сејди: „навистина ми е жал, ти си толку позитивна личност.”
Симптомите на рак на јајник вклучуваат болка во долниот дел на стомакот, подуеност или чувство дека стомакот е полн. Во подоцнежните фази следуваат нередовни менструални периоди или крварење после менопаузата, болки во грбот, често мокрење, констипација, болка за време на секс, оток на стомакот.
„Требаше да му кажам на докторот – мислам дека имам тоа и тоа, помогнете ми, но сега нема смисла да размислувам на тоа што би било кога би било вака или онака“, вели девојката.
Оваа храбра млада девојка си поставила за цел да ужива во секој момент со Џејсон и да покаже дека во животот мораш да бидеш оптимист што и да е во прашање.
Таа се обидува да ја подигне свеста за тоа дека младите луѓе треба често да одат на прегледи, на сите анализи бидејќи на младите опасните болести многу подоцна се дијагностицираат, бидејќи никој не се сомнева во нив. Сејди Ренс (22) чувствувала страшни болки во стомакот, а кога конечно дознала за што се работи почнала очајничка борба за нејзиниот живот – т

Пронајдете не на следниве мрежи: