Гумените кломпи се можеби удобни, но сериозни се по здравјето!

На некои им се грди, а оние кои  ги  носат  тврдат дека се удобни. Докторите велат  дека се лоши по здравјето.Широм светот купени се 300 милиони пара оригинални  верзии на овие обувки, а бројот се зголемува кога се сметаат и  бројот на копиите. Кломпите од своето појавување во 2002 година ги поделиле луѓето на оние кои „никогаш  нема да го стават  тоа чудо на стапалата“ и оие кои  се колнат во нивната  удобност и практичност.
Покрај  тоа што  се удобни, тие ги  масираат вашите стапала и  не можат  да потонат. Еден корисик напишал  дека се одлични за шетање, бидејќи овие обувки  можете да ги измиете со црево, за разлика од патиките кои  бараат сериозно чистење.
Но, покрај сите позитивни искуства, докторите  не советуваат носење на овие обувки.
 „Гумените кломпи не се погодни за носење за време на целиот ден“, вели  докторката Меган Лејхи, која работи на перијатрија во Чикаго и  се занимава со  повреди на коски и  зглобови.
Овие обувки  немаат соодветна поддршка за петите.
 „Кога петата е нестабилна, прстите имаат тенденција  да се грчат, а тоа може да доведе до деформција на прстите, проблеми со  ноктите и  слично“, објаснува докторката.

„Пациентите имаат поголеми  шанси за болка во стапалата, доколку можат да ја свиткаат  својата обувка така што  местото каде што треба да бидат прстите го  допираат местото каде што  треба да се наоѓа петата.  Секојдневно  гледам пациенти  кои доаѓаат во мојата канцеларија и  се жалат дека ги  боли стапалото кога носат гумени кломпи“, вели Кор, претседател на Американската академија за спортска медицина.Широм светот купени се 300 милиони пара оригинални  верзии на овие обувки, а бројот се зголемува кога се сметаат и  бројот на копиите. Кл

Пронајдете не на следниве мрежи: