Ќе се изненадите, ама во советите на СДСМ многу пожестоко и порадикално се дискутира во однос на судбината на спомениците од она што може да се прочита по колумните, вели Ѓунер Исмаил и потсетува дека идејата на Љубомир Фрчкоски со францускиот клуч за уништување на спомениците е мошне сериозна.Ѓунер Исмаил е член на Советот за култура на СДСМ, а ова го вели во интервјуто на ТВ 24 вести.
„Социјалдемократскиот сојуз кога ќе дојде на власт планира уривање на спомениците од проектот Скопје 2014. Теоријата на францускиот клуч апсолутно ја поддржувам, особено за некои споменици, кои се навреда за нашиот вкус, кои се навреда за интелигенцијата на граѓаните. Конкретно од оној воин, сосе татко му, мајка му и роднините, па натака… сосе непропорционалниот Никола Карев пред Собранието и целата таа буљумента наспроти Собранието, која служи за потсмев“, вели Исмаил.
За споменикот на цар Самоил Исмаил вели дека ќе биде дислоциран и подарен на Охрид, а другите – демонтирани и стопени.
„Некои, се разбира, ќе бидат предмет на обработка на металуршката индустрија. Во СДСМ се дискутира безмилосно, радикално и тоа не е необично“, вели Исмаил.
За поранешниот министер за култура и портпарол на Владата на Црвенковски, а потоа и жесток противник на Црвенковски, и Порта Македонија ќе биде третирана како и секоја дивоградба.
„Не гледам причина зошто и минирањето да не биде опција. Ако стручњаците кажат дека таа не треба да биде таму, нема да биде“, вели Исмаил.Ѓунер Исмаил е член на Советот за култура на СДСМ, а ова го вели во интервјуто на ТВ 24 вести.
„Социјалдемократскиот сојуз кога ќе до