Случувањата кај нашиот јужен сосед кој веќе долго време е под притисок и мешање на странски фактори добија размери од сложенa хибридна војна во која се комбинираат уцени, закани, меѓуетнички тензии и внатрешни фактори за дестабилизација. Имено, западните сили веќе три години во континуитет се обидуваат да ја соборат власта на ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски. Нема методи кои досега не се искористени вклучувајќи и тероризам увезен од Приштина и повторно Макеоднија успеа да се зачува, пишува во својата кокумна за српскиот неделник „Печат“ познатиот српски аналитичар и научен работник, Миша Ѓурковиќ.
-Последните парламентарни избори одржани во декември минатата година, повторно обезбедија победа на ВМРО ДПМНЕ која доби двајца пратеници повеќе во парламентот од СДСМ. Врз основа на мајскиот договор во 2008 година кој тогаш го иницираше ДУИ, и по утврдениот обичај Влада да формира победничката македонска партија со албански партнер, ВМРО почна да составува Влада. Веќе договорената коалиција ја спречија американскиот амбасадор Бејли и новиот фактор, премиерот на Албанија Еди Рама, пишува Ѓурковиќ.
Имено, додава Ѓурковиќ, Рама во Тирана ги повика сите четири албански партии кои влегоа во Собранието и со нив договорил таканаречена Тиранска платформа како услов за партиципација во Влада. Потоа, премиерот на Албанија почна директно да се меша во внатрешните прашања на соседната држава и уште полошо од тоа, стана носител на барања за нејзиното суштинско и уставно редефинирање и поткопување.
-Рама ги охрабри Албанците во Македонија да бараат редефинирање на оваа држава и нејзинот уставен поредок. Во неодамнешна изјава тој објасни дека Албанците во Македонија сочинуваат 35 отсто од населението, иако по пописот има 10 посто помалку, а по извештаите од теренот и уште помалку, затоа што многумина заминаа во Западна Европа. По негови инструкции пратениците од Дуи, Беса и албанските пратеници на СДСМ започнаа во Собранието да зборуваат дека тие се припадници на мнозинството од народот, а не малцинството како Уставот ги дефинира, пишува Ѓурковиќ.
Другиот дел од овој пакет е Резолуцијата за геноцидот која ја предвидува тиранската платформа. Во платформата, пишува Ѓурковиќ, се бара во Макеоднија да се донесе резолуција според која во Македонија од 1912 до 1956 е направен геноцид врз Албанците.
-Суштината на овој чин е Македонците да прифатат како поради овој наводен геноцид, Албанците вештачки, насилно се сведени да имаат статус на малцинство, па поради тоа треба д аим го признаат статусот на конститутивен народ. Тоа би било вовед во целосна федерализација на Макеоднија што Заев го прифати. За почеток албанскиот јазик би се вовел како рамноправен со македонскиот на територијата на целата држава, а во тиранската платформа се предвидува да се отвори дијалог за прашање како промена на симбилите, името, изгледот на новите банкноти и сите други идентитетски одлики. Заев и СДСМ прифатија да се укине досегашната држава Македонија како земја на македонскиот народ и малцинствата, и да отворат процес на нејзино редефинирање како бинационална држава што секако води кон федерализација, и да се подели на западен албански дел и источен за кој не би се знаело каква му е иднината. Овој тип на предавство засновано на глад за власт на какво СДСМ е подготвен, незамислива е дури и за нас кои овде се нагледавме се и сешто. Зоран Заев и неговата партија за да дојдат на власт прифатија да ја елиминираат својата држава, пишува Ѓурковиќ.
На ова, реагира народот со масовни протести кои траат веќе месец ипол, а при посетата на европскиот комесар во Скопје, на улиците се најдоа скоро 200.000 луѓе покажувајќи дека се подготвени на се за да ја сочуваат државата.
-Чувар на Уставот во овој момент е единствениот човек кој има реален мандат за тоа, претседателот Ѓорге Иванов. Тој разумно одби да го даде мандатот на Заев и ги издржува сите можни закани вклучувајќи ги и заканите од Брисел дека ќе го стават на црна листа и ќе му воведат санкции. Тој бара од Заев да се откаже од тиранската платформа. Интересно е тоа што ВМРО му понуди на Заев поддршка за малцинска влада ако тој прифати да се врати во рамките на Уставот и да се зачува државата. Заев тоа од некаква причина не смее да го прифати и се однесува како уценет човек кој мора да зарши некоја валкана работа. Во меѓувреме се појавија и информации за неговите врски со одредени албански криминални структури, пишува Ѓурковиќ.
Од пред десетина дена овој конфликт влезе во Собранието. Тоа не може да се конституира додека не се испочитува процедура по која најпрво се составува Комисија за назначување која пак потоа дава предлог за претседател на собрание. Пратениците на ВМРО ДПМНЕ го користат овој по закон одреден простор да ги натераат пратениците на СДСМ да се дистанцираат од тиранската платформа. Досега сето тоа се сведе на размена меѓу нив и албанските пратеници кои отворено објаснуваат што договориле со Заев и какви им се намерите.
-Пратениците на СДСМ воглавно ќутат и избегнуваат пред граѓаните на Македонија да објаснат што договориле со странците и Еди Рама. ВМРО ДПМНЕ има јасни барања: Тиранската платформа како програма за нова Влада значи уставно и суштинско редефинирање на Уставот и не може да се усвои без некој вид на референдум со кој ќе се изјаснат граѓаните. Ако граѓаните на Македонија одлучат да ја укинат својата држава, нека го направат тоа на референдум, а не на мала врата низ Собранието. Оттука ВМРО не дозволува било то да се конституира додека не се најде некој нов сеопфатен договор (некои странски фактори веќе споменуваат нов договор Пржино 3) и додека не се одржат нови парламентарни избори од референдумски тип заедно со веќе предвидените локални избори. Меѓу притисокот со кој се носат треба да се спомене и во целост инструментализација на таканареченото Специјално јавно обвинителство на чие чело е американски кадар –Катица Јанева. Тие почнаа да ги прогонуваат водечките луѓе на медиумските куќи кои не се на нивна страна, пишува Ѓурковиќ.
Се чини дека во последните два месеци, смета аналитичарот, луѓето од ВМРО сепак успеаја со медиумски настап, јасна поддршка од народот и сериозни лобирања во меѓународната заедница да ја запрат офанзивата од другата страна и да добијат поддршка на некои многу важни места.
-Како поминува времето водата оди кон нивната воденица што почна да предизвикува голема нервоза кај нарачателите и кај екстремистите во СДСМ. Во неодамнешната колумна на порталот Либертас главниот стратег на СДСМ, поранешниот министер на внатрешни работи Љубомир Фрчковски, се заложил за уботреба на насилство како пат за реализација на политичките планови. Тој рече дека СДСМ ризикува да изгуби се со текот на времето и дека нивните пратеници треба да го „фатат за уши“ сегашниот претседател на собранието и на негово место без процедува да го стават Талат Џафери од ДУИ како свој кандидат за претседател на собранието. Македонските медиуми објавија дека неодамна Заев тајно имал средба со амбасадорот Бејли па постои сомнеж дека овие идеи доаѓааат од таму. Бејли е инаку повикан во Америка на сослушување поради обвинувања од значајни сенатори дека се меша во внатрешната политика на Македонија и оти ненаменски и нелегално ги троши фондовите на САД за уривање на легалната власт, пишува Ѓурковиќ.
Граѓаните на Македонија и ВМРО, додава Ѓурковиќ, досега се покажаа многу силни отколку што се очекуваше, и покажаа разумна подготвеност на секаков начин ја бранат својата држава. Тоа е досега најголемата пречка за реализација на плановите на СДСМ и нивните странски спонзори.
-Интересот на Србија е Македонија да опстане како држава и да се спречи процесот на правење Голема Албанија која СДСМ ја спроведува. Во тоа за жал им помага и некои наши граѓани кои директно работат против интересот на својата земја. Во Скопје на страната на СДСМ се зборува дека е Зоран Башановиќ кој и им ја работел кампањата, како и уште еден број доскорешни овдешни високи функционери за кои се зборува дека сакаат дури и да извадат македонско државјанство и себе си се гледаат како министер или директор кај Заев, заклучува Ѓурковиќ во колумната.-Последните парламентарни избори одржани во декември минатата година, повторно обезбедија победа на ВМРО ДПМНЕ која доби двајца пратеници повеќе во