„Јас сум тој кој согласно своите визии го прави репрезентативниот список и согласно тоа јас потоа секако ќе одговарам за резултатите. Верувам дека во овој случај го одбрав најдоброто, оние кои најсоодветно може да одговорат на предизвикот во Шпанија“ – истакна Ѓуровски на денешната прес-конференција при соопштувањето на репрезентативниот список за дуелот со Шпанија на 8. септември во Валенсија.„Оние кои не се повикани апсолутно не значи дека се избришани. Во моментов сметам дека тие кои се во изборот се најдобрите. Може да кажам дека Давид Бабунски, Бобан Грнчаров, Столе Димитриевски, Даниел Аврамовски, Благоја Тодоровски и Дарко Велковски се на поширокиот репрезентативен список, и некој од нив може да биде повикан доколку има повреди. Секако и сите тие се репрезентативци во комплетна смисла. Што се однесува до револтот на Грнчаров тој е негов личен став, кој не соодејствува на професионалец, но јас апсолутно немам ништо против него и напротив постојано од спортски аспект ги следам неговите настапи. Ќе повторам дека јас го правам изборот согласно актуелните потреби, моментална форма и потребите на натпреварот кој не очекува“ – рече Ѓуровски.„Оние кои не се повикани апсолутно не значи дека се избришани. Во моментов сметам дека тие кои се во изборот се најдобрите. Може да кажам дек
Пронајдете не на следниве мрежи: