ГУЖВА НА БИХАЌКА: По скандалот на Спасовски синоќа итна седница во СДСМ

Бура незадоволство синоќа на Бихаќка откако во медиумите беше разоткриен обидот на СДСМ да фабрикува скандал.  
Партиски извори велат дека партијата свикала итен состанок на кој партиското раководство се координирало како да го надмине периодот.
Во игра се неколку опции, а најсериозно се размислувало во текот на денешниот ден или во понеделник да се излезе со прес конференција на СЈО и Катица Јанева, пишува Пресс24.
Раководството синоќа заклучило дека соросовите медиуми немаат доволно моќ за да ги извадат од скандалот во кој ги внесоа Заев и Спасовски, па се прави план, со каква истрага Јанева да се појави во јавност. 
Извори за Пресс24  велат дека за ова веќе биле направени контакти и се уште се крои стратегијата.
Дел од видните партиски членови кои последниве неколку години се дистанцирани од партијата упатиле сериозни критики за неспособноста на раководството и начинот на кој се обидуваат да креираат скандали во јавноста.
Дел од раководството на СДСМ вчера предупредило дека власта располага со материјали кои сериозно би го нарушиле кредибилитетот на опозицијата во периодот на изборната кампања и дека е неопходно да се креира стратегија за антиципација и намалување на штетата.
  
Партиски извори велат дека партијата свикала итен состанок на кој партиското раководство се координирало како да го надмине периодот

Пронајдете не на следниве мрежи: