Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изрази големо задоволство од играта на својот тим, посебно бил восхитен од офанзивата која ја предводат Серхио Агуеро и Габриел Жезус.– Во моментов располагам со петмина напаѓачи, на кои верувам. Немам никакви сомнежи во квалитетите на Жезус, во неговото влијание, откако одигра за нас. Се радувам за него. Тоа многу му помага на Серхио Агуеро да постигнува голови. Со него добивме многу нешта кои можеби ги немавме порано. Затоа е толку важен играч, изјави Гвардиола.
Шпанскиот стручњак ја потенцира желбата на 20-годишниот Жезус за напредок и напорната работа за време на тренинзите.
– Млад е и тренира секој ден. Се бори во секој натпревар. Се гледа дека има желба да стане еден од најдобрите фудбалери на светот, додаде Гвардиола.
Агуеро и Жезус во досегашниот тек на сезоната во Премиер лигата заедно имаат постигнато вкупно 10 од 21 погодок на Манчестер Сити.
– Во моментов располагам со петмина напаѓачи, на кои верувам. Немам никакви сомнежи во квалитетите на Жезус, во неговото влијание, отка