Македонските љубители на фудбалот со шокирање ја прочитаа изјавата на поранешниот македонски фудбалер на Хајдук, Драги Сетинов, кој за „24 сата“ вели дека тимот на Хајдук нема потреба ниту снимка да гледа од натпревар на Турново за да го елиминира нашиот претставник, изјава што одекна мошне гнегно кај нашата јавност.
Драги Сетинов инаку има 144 настапи за Хајдук забележувајќи 5 погодоци за овој тим во својата фудбалска кариера, моментално е тренер на Локомотива, а медиумот „24сата“ пренесува дека тој бил добар познавач на Турново. Сетинов воопшто не му дава шанса на нашиот претставник.
„Не само што не им давам, туку тие самите себе не си даваат. Свесни се дека среќно ја поминаа Судува, па така Хајдук е за нив огромна пречка. Они се задоволни што воопшто ќе играат со Хајдук“ вели Сетинов и додава…
„Страв им е да не биде голеада, посебно кога слушнаа дека Хајдук му даде 5 погодоци на Задар. Единствена утеха им е тоа што нема да има навивачи на „Пољуд““.
Сетинов додава дека слаба точка на Турновци им е голманот Стојан Димовски, кој за него бил низок и премногу лош во прекините.
„Ако се сопрат Балдовалиев и Блажевски пола од работата е завршена, бидејќи останатите се премногу лоши играчи, посебно голманот Стојан Димовски, кој е низок и премногу лош во прекините. Тоа е најголемата шанса за Хајдук“ вели Сетинов за „24сата“.
Извор: www.24sata.hrМакедонските љубители на фудбалот со шокирање ја прочитаа изјавата на поранешниот македонски фудбалер на Хајдук, Драги