Хајнкес би можел да го преземе Шалке

Loading...

Тренерот на Баерн Минхен, Јуп Хајнкес, на крајот од сезоната би можел да се пресели во Гелзенкрихен, во редовите на Шалке, пренесува „Bild“.

Договорот на Хајнкес со Баерн истекува по завршувањето на сезоната, а Баварците веќе ја договорија соработката со Пеп Гвардиола. Хајнкес, најави дека по завршувањето на тековната сезона ќе се пензионира, но Шалке, екипа која има голем буџет може да биде предизвик за трофејниот стручњак. Шалке, од друга страна, очајнички бара тренер, Јенс Келер кој го наследи Хуб Стевенс е само привремено решение. Шалке, во моментов, се наоѓа на осмото место на табелата во Бундеслигата, со минимални шанси да избори пласман на четвртата позиција која води во квалификациите во Лигата на шампиони.
Makфакс 
Тренерот на Баерн Минхен, Јуп Хајнкес, на крајот од сезоната би можел да се пресели во Гелзенк

loading...