Хакер 8 години наназад манипулира со изборите во Латинска Америка

Изданието Bloomberg објави обемен материјал – интервју со Андрес Сепулведа, кој одлежува затворска казна во колумбискиот затвор за хакирање, учество во заговор, прекршување на законот за лични податоци и шпионажа.Сите овие обвиненија се поврзани со неговото учество во манипулација на јавното мислење за време на претседателските избори во 2014 година.
Сепулведа е обвинет дека му помогнал на Енрике Пења Нието, сегашниот претседател на Мексико, да победи на изборите. Се смета дека на хакерот и неговиот тим им е исплатена сума од околу 600.000 долари. Тие ги компромитирале компјутерите на противниците на претседателот за време на предизборната кампања со цел шпионажа и манипулација на социјалните мрежи.
Кариерата на политичкиот хакер Андрес Сепулведа започнува во 2005 година со пенетрација во базата на податоци на спонзорите кои ги поддржуваат политичките конкуренти на Алваро Урибе Велес, кандидат за претседател на Колумбија. За извршување на првата задача му бил потребен околу месец работа, за која добива 15.000 долари.
Во рок од неколку години тој собира тим, со помош на кој продира во компјутери, краде податоци и манипулира со претседателските кампањи во цела Латинска Америка.
Сепулведа не е евтин, но спектарот од „услугите“ му е широк. За 12.000 долари месечно, секој може да го ангажира тимот кој продира во паметните телефони, прави лажни копии на веб страници, испраќа масовно електронски писма.
Бонус пакетот за 20.000 долари на месец, вклучува целосен сет на дигитално следење, напад, дескрипција и одбрана.
Екипата е внимателно избрана преку хиерархија од посредници и консултанти. Сепулведа тврди дека повеќето од луѓето кои работеле за него, дури не се сомневале за неговата улога и вели дека се сретнал со само неколку од нив.
Екипата во различно време работела по изборите во Никарагва, Панама, Хондурас, Колумбија, Мексико, Костарика, Гватемала и Венецуела. Запрашан дали смета дека претседателските избори во САД би подлегнале на слични технологии, Сепулведа изјави дека е „100% сигурен во тоа“.
Сепулведа и неговиот тим ја создаваат програмата Social Media Predator, која содржи повеќе виртуелни Twitter профили. Таа им овозможува не само да се промени описот и аватарите, но и да се вметне потребната за манипулација на информациите важни за јавното мислење.
„Кога сфатив дека луѓето веруваат на она што најдат на интернет повеќе отколку што гледаат во реалниот живот, сфатив дека можам да ги натерам луѓето да веруваат во што ќе посакам“ – сподели Сепулведа.
Во една од предизборните кампањи, одржана во Мексико, тој користел ботнет за да направи илјадици автоматски телефонски повици кон потенцијални гласачи со снимена порака.
Во моментов Сепулведа е под строга заштита поради постојаните закани против него. Поранешниот хакер сега им помага на властите да ги следат активностите на другите хакери.Сите овие обвиненија се поврзани со неговото учество во манипулација на јавното мислење за време на претседателските избори во 2014 година.

Пронајдете не на следниве мрежи: