Германскиот магазин „Де Шпигел“ објави мејл комуникација на Дејвид Бекам која ги открива вистинските причини поради кои поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед се занимава со хуманитарна работаМрежата на истражувачки новинари и „Де Шпигел“ објавија наводни мејлови во кои 41-годишниот Бекам го критикува одборот за доделување на „Орденот на британското царство“ лутејќи се како не е награден со титулата витез и покрај долгогодишната хуманитарна работа.
-Членовите на одборот се неблагодарни. Не сакам ордени со ниска вредност. Кој одлучува за тоа??? Ако не ме назначат за витез, тоа е срамно. Да бев Американец таква титула ќе добиев уште пред 10 години. Кетрин Џенкинс доби орден за што? Затоа што пее на рагби натпревари, посетува војници и зема кокаин, пишува во еден од мејловите кои Бекам во 2013 година ги испратил на ПР менаџерот, Симон Оливеира.
-Ова е само причина повеќе од оваа година да ја засилиме работата со УНИЦЕФ и да се посветиме повеќе на останатите хуманитарни здруженија. Ќе направиме листа што треба да направиме за хуманитарни цели, за да видат луѓето дека нешто работиме место постојано да читаат колку паризаработуваме. Значи, хуманитарната работа ни е важна за бизнисот и за тоа не треба да ја занемариме. Бизнисот понатаму е главна цел, а преку хуманоста мора да стигнеме и до заслужените ордени- дополнува, наводно, Бекам.
Од мејловите се открива и дека Дејвид Бекам бара од УНИЦЕФ повеќе од 6.000 фунти да му се плати патот на Филипини, каде ги посети децата по тајфунот „Хајиани“, и покрај тоа што претходно спонзорите му обезбедиле приватен авион.Мрежата на истражувачки новинари и „Де Шпигел“ објавија наводни мејлови во кои 41-годишниот Бекам го критикува одборот за доделување на